Даутбал (, Димос Ореокастру) — општина во Солунскиот Округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Даутбал.
Населени места Општината Даутбал е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на три стари општини: Даутбал, Мигдонија, Калитеја.
Напомена: Називите на општинските единици „Мигдонија“ и „Калитеја“ не се однесуваат на ниедно постоечко место. Првата е наречена според горномакедонската област Мигдонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Втората има произволен грчки назив.
Општинска единица Даутбал мини|лево|Поранешната општина Даутбал на картата на некогашниот округ Солун. Општинската единица Даутбал го опфаќа само градот Даутбал (Ωραιόκαστρο, Ореокастро) во областа Вардарија.
Општинска единица Калитеја мини|десно|Поранешната општина Калитеја на картата на некогашниот округ Солун.
Општинската единица Калитеја со седиште во Градобор (Пендалофос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Вардарија:
Општински оддел Градобор село Градобор (Πεντάλοφος, Пендалофос)
Општински оддел Џумаја село Џумаја (Μεσαίο, Месео) село Даутли (Μονόλοφο, Монолофо) село Ени Маала (Πετρωτό, Петрото)
Општински оддел Нареш село Нареш (Νέα Φιλαδέλφεια, Неја Филаделфија)
Општински оддел Ново Село село Ново Село (Νεοχωρούδα, Неохоруда)
Општинска единица Мигдонија мини|десно|Поранешната општина Мигдонија на картата на некогашниот округ Солун.
Општинската единица Мигдонија со седиште во Ајватово (Лити) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Ајватово село Ајватово (Λητή, Лити) село Антуполи (Ανθούπολη, Антуполи или Ανθόκηποι, Антокипи)
Општински оддел Балџа село Балџа (Μελισσοχώρι, Мелисохори)
Општински оддел Дремиглава село Дремиглава (или Дремиглав; Δρυμός, Дримос)
Поранешни села На територијата на општината се наоѓаат и четири поранешни села: Камара, Карипци, Прнар и Трите Ана.
Поврзано Вардарија Список на села во Солун
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Даутбал
Категорија:Општини во Егејска Македонија