Милост е расказ на францускиот писател Марсел Еме. Расказот е објавен на македонски јазик во 2008 година (во состав на збирката раскази под наслов “Париски приказни”), од страна на издавачката куќа “Темплум”, а преводот од француски јазик е направен од Ружа Димишковска. мини|десно|Марсел Еме во 1929 г. Содржина Господинот Диперие е најдобриот христијанин во улицата Габриел, како и на целиот Монмартр. Тој е толку набожен и праведен, што Господ му подарува ореол околу главата. Диперие е многу благодарен за божјата милост, но сепак, тој е скромен и не сака да се гордее со својот божји подарок, туку го крие ореолот под шеширот. Меѓутоа, неговата жена е загрижена дека соседите, пријателите и роднините ќе ја озборуваат поради ореолот и затоа му наредува да се ослободи од него.

Тогаш, господинот Диперие започнува да ги практикува сите смртни гревови, со надеж дека така ќе го налути бога и дека тој ќе му го одземе ореолот. Најпрвин, започнува со горделивоста, односно се фали дека тој е поблагороден човек од сите свештеници, дека треба да биде назначен за надбискуп итн. Бидејќи тоа не дава резултати, тој се предава на ненаситноста и започнува да се прејадува со обилни ручеци, но и тој грев не му помага да се ослободи од ореолот. Потоа, Диперие го зафатила лутина и тој дури почнал да ја тепа жена си, но повторно без успех. Исто така, тој станал завидлив, мрзелив и алчен. Најпосле, тој го избира најстрашниот грев - сладострастието и започнува да се плетка со проститутките од плоштадот Пигал. Така, ја запознава проститутката Мари-Јаник која, воодушевена од неговиот ореол, станува зависна од него. На крајот, Диперие се претвора во нејзин сводник, меѓутоа ореолот сè уште останува на неговата глава.Марсел Еме, Париски приказни, Темплум, Скопје, 2008.

Наводи

Категорија:Француски раскази Категорија:Дела на Марсел Еме