Вакениц () — река во југозападниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, која извира во вид на истек од Рацебуршкото Езеро кај Рацебург.

Вакениц е долга околу 14,5 километри и како десна притока се влева во Траве во Либек. Поголемиот дел од нејзиниот источен брег претставува граница помеѓу Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија. По крајот на Втората светска војна реката била дел од Железната завеса помеѓу Западна Германија и Источна Германија. Вакениц има слив од околу 445 км².

Надворешни врски

Категорија:Слив на Траве Категорија:Реки во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Либек Категорија:Реки во Мекленбург-Западна Германија Категорија:Реки во Мекленбург-Западна Померанија