Свети Стефан, попозната како Свети Стефан Панцир — македонска пештерна црква, која се наоѓа во охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан. Црквата претставува главна манастирска црква на Шипокничкиот манастир.

Местоположба

Црквата е сместена во атарот на селото Шипокно, веднаш над регионалниот пат Охрид-Свети Наум, над последните градби од новата туристичка населба Свети Стефан. За да се дојде до нејзе треба да се сврти лево од патот за Свети Наум и да се продолжи над синдикалното одморалиште „Орце Николов“.

Историја

Се верува дека била подигната во текот на век.

Архитектура

Црквата е полуоблесто соѕидана во шуплина на карпа.

Фрескоживопис

Својот живопис го добила во век и век,Г. Ангеличин-Жура, Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион /Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција), Струга 2004 благодарение на помошта на широк круг ктитори од Охрид и од околните села. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓаконикот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош односно од градот Охрид и луѓето од соседните села: Шипокно, Горица и Коњско.

Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фрескоживопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидниот простор е насликана Света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните светители се насликани „Св. Василиј Велики“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Атанасиј Александриски“. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, насликан во нишата на жртвеникот. Големата композиција Дејзис или кај народот позната како „Второто пришествие Христово“ е насликана на северниот ѕид, а до неа е насликана најпочитуваната светителка Света Петка. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид и поради тоа се чини дека оваа пештерна црква е живописана пред самиот крај на шестата деценија на XV век, кога веќе се насетувала промената во начинот на работата на охридските уметници.

Иконостас

Црквата поседува иконостас.

Галерија

Внатрешноста на црквата

Надворешноста на црквата

Поврзано Шипокно Свети Стефан Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Втора охридска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Шипокно Шипокно Стефан