Тео Бос (; р. ) — холандски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за БЕАТ Сајклинг Клуб. Бос е олимписки сребрен медалист и петкратен светски првак.

Ран живот

Бос е роден во Хирден, Холандија. Има постар брат Јан Бос, кој се занимава професионално со брзото лизгање.

Во 2001 годдина бил светски велодромски јуниорски првак во трката на 1.000 метри. Истата година, на 18 години, ја започнал неговата професионална кариера.

Професионална кариера Велодромски велосипедизам

Освоил сребрен медал на Летните олимписки игри 2004 на спринтот.

Победил на спринтот на Светското велодромско првенство UCI 2004. Следната година, го освоил поединечниот спринт и сребрениот медал во екипниот спринт на Светското велодромско првенство UCI 2005.

На Светското велодромско првенство UCI 2006, Бос победил во кеирин и постигнал троен успех, станувајќи светски првак во спринт, кило и кеирин. Победил на кеирин откако забрзал во двата последни круга, победувајќи го голема разлика и успевајќи да ги подигне рацете и да ѝ отпоздрави на публиката на целта. Неговиот француски соперник и бронзен медалист, Арно Турнан, изјавил дека резултатот на Бос бил „најдоброто нешто што не сум го видел долго време“.

На 16 декември 2006 година, Бос го срушил светскиот велодромски рекорд на 200 метри во текот на квалификациите за спринт на настан од Светскиот куп во Москва. Бос извозел за 9,772 секунди (иако компјутерот првично му избројал 9,086 секунди) и го урнал 11-годишниот рекорд на Канаѓанецот Курт Харнет. Бос објавил дека 200 метри е „краен рекорд“ за велодромските велосипедисти. Пет дена подоцна, Бос бил избран за холандски спортист на годината. Рекордот на Бос бил срушен од Французинот Кевин Сиро на Москва ГП на 29 мај 2009 година со 9,65 секунди.

Започнувајќи од август 2017 година, Бос започнал да вози за БЕАТ Сајклинг Клуб."First pro team inside club structure BEAT" , BEATCycling.club, 9 August 2017 Во 2017 година, Бос го освоил државното првенство во екипен спринт (со Матејс Бихли и Рој ван ден Берг).

друмски велосипедизам

На 19 април 2009 година, Бос се нашол во контроверзниот пад во последните 800 метри на последната етапа на Трката околу Турција. Наводно, Бос предизвикал да падне крајниот победник Дарил Импи допирајќи го левото рамо на Импи со неговата десна рака. Импи паднал на лево, во барикадите, веднаш до Бос. Бос признал дека го бутнал Импи. Бос тврдел дека причините за буткањето на Импи била бидејќи Импи се движел кон него, додека тој веќе бил близу оградата.Пад на Тео Бос и Дарил Импи - етапа 8, Трка околу Турција Бос бил дисквалификуван и казнет. На 1 мај 2009 година, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) изјавил дека „однесувањето на Бос ги поткопува сликата, угледот и интересите на велосипедизмот“. Бос бил казнет поради непочитување на правилата и бил донесен пред дисциплинско сослушување на UCI, на кое бил прогласен за виновен поради кршење на правилата на UCI. Подоцна, Бос бил суспендиран од професионалното возење од 15 август до 14 септември 2009 година.

Надвор од сезоната пред 2010 година, Бос потпишал со екипата , во која бил поранешниот победник на Тур де Франс Карлос Састре. Бил прикажан како засилување на нивната спринтерска екипа. Возел на повеќе помали трки, но и на некои големи, како Париз-Рубе и Вуелта а Еспања. Кога Сервело Тест Тим се распаднал кон крајот на 2010 година, Бос се вратил во екипата . Негов прв триумф во 2011 година бил на првата етапа на Трката околу Оман, победувајќи го Марк Кевендиш во спринтерска завршница.

Во 2012 година, ја освоил првата и последната етапа на Трката околу Турција. На обете трки имало падови при крајот, намалувајќи го бројот на спринтери со кои морал да се бори Бос. Бос ја освоил првата победа во неговата кариера во Светската турнеја на Енеко Тур 2012. На третата етапа од Римст до Генк, го претекнал Џон Дегенколб () на целта во масовен спринт.

Бос бил првично избран како член на екипата на Белкин за Вуелта а Еспања 2013, меѓутоа бил повлечен пред почетокот на трката откако тестовите откриле дека имал ниски нивоа на кортизол. Изјавата на екипата велела дека ова било „показател за неповолни здравствени услови“ и дека иако ниските нивоа на кортизол не биле пречка за настап на трките од Светската турнеја на UCI, медицинскиот персонал на екипата и Бос се согласиле дека е подобро да биде дома. Подоцна, Бос потврдил дека неговата состојба била поради екстремна реакција на лековите за астма.

Бос ќе вози за професионалната континентална екипа МТН Кубека од 2015 година натаму. Бос рекол дека „екипата има одлична култура, јас сакам да победувам и ние заедно ќе работиме да победуваме, нашиот успех е успехот на Африка.“

Достигнувања Велодромски велосипедизам

2001 1. Светско јуниорско првенство — хронометар од 1 км 2002 1. Европско првенство под 23 години — кеирин 2. Европско првенство под 23 години — хронометар од 1 км 2. Европско првенство под 23 години — спринт 2003 1. Европско првенство под 23 години — хронометар од 1 км 1. Европско првенство под 23 години — спринт 1. Државно првенство — хронометар од 1 км 1. Државно првенство — спринт 2. Европско првенство под 23 години — кеирин 2. Светски куп во Москва — хронометар од 1 км 2004 1. Светско првенство — спринт 1. Светски куп во Москва — хронометар од 1 км 1. Државно првенство — спринт 1. Државно првенство — кеирин 2. Олимписки игри — спринт 2. Светски куп во Манчестер — хронометар од 1 км 2. Светски куп во Москва — екипен спринт 3. Светско првенство — хронометар од 1 км 3. Светски куп во Москва — спринт 2005 1. Светско првенство — хронометар од 1 км 1. Светски куп во Лос Анџелес — хронометар од 1 км 1. Светски куп во Лос Анџелес — екипен спринт 1. Светски куп во Манчестер — спринт 1. Светски куп во Сиднеј — кеирин 1. Светски куп во Сиднеј — спринт 2. Светско првенство — екипен спринт 2. Светски куп во Манчестер — екипен спринт 2006 1. Светско првенство — кеирин 1. Светско првенство — спринт 1. Светски куп во Москва — спринт 1. Светски куп во Сиднеј — кеирин (2006–1) 1. Светски куп во Сиднеј — кеирин (2006–2) 1. Светски куп во Сиднеј — екипен спринт (2006–1) 1. Државно првенство — спринт 1. Државно првенство — кеирин 2. Светски куп во Москва — екипен спринт 2. Светски куп во Сиднеј — екипен спринт (2006–2) 2007 1. Светско првенство — спринт 1. Мастерс оф Спринт 1. Ротердам Спринт Куп 1. Државно првенство — спринт 1. Државно првенство — кеирин 2. Светско првенството — кеирин 2008 3. Светско првенство — екипен спринт 2010 1. Државно првенство — медисон (заедно со Петер Схеп) 2011 3. Светско првенство — медисон (заедно со Петер Схеп) 2012 2. Државно првенство — хронометар од 1 км 2015 1. 20п Државно првенство - кило 1. 20п Државно првенство - поединечен спринт 2016 2. Светско првенство - кило 2017 1. 20п Државно првенство - екипен спринт (со Матејс Бихли и Рој ван ден Берг) 2. Светски куп во Манчестер - екипен спринт (со Матејс Бихли и Рој ван ден Берг) 2018 1. Светски куп во Минск - екипен спринт (со Матејс Бихли и Рој ван ден Берг) 3. Светски куп во Минск - спринт

друмски велосипедизам

2009 Трка Олимпија 1. Пролог 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Трка околу Северна Холандија 1. Омлоп дер Кемпен 3. Ронде ван Оверајсел 4. Класик Бевербек 2010 1. Класика де Алмерија 1. Етапа 5 Вуелта а Мурсија Вуелта а Кастиља и Леон 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Бодовен пласман 2011 Трка околу Оман 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Тур де Рејке 1. Етап 6 Трка околу Данска 1. Дач Фуд Вали Класик 2. Делта Тур Зеланд 8. Шелдепрејс 2012 1. Дварс дор Дренте 1. Дач Фуд Вали Класик 1. Меморијал Рик ван Стенберген Трка околу Турција 1. Етапа 1 1. Етапа 8 1. Етапа 3 Енеко Тур 1. Етапа 2 Светски пристаништен класик 3. Класика де Алмерија 3. Шелдепрејс 2013 Трка околу Хајнан 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. Етапа 7 1. Етапа 9 Тур де Лангкави 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве 1. Етапа 1 Критериум Интернасионал 1. Етапа 3 Трка околу Норвешка 1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур 8. Шелдепрејс 9. Делта Тур Зеланд 2014 1. 20п Краен пласман Светски пристаништен класик 1. 20п Бодовен пласман Тур де Лангкави 1. Етапа 2 1. Етапа 7 1. Етапа 8 1. Етапа 9 1. Етапа 3 Трка околу Полска 1. Етапа 4 Трка околу Алберта 2. Хандзаме Класик 3. Краен пласман Тур де л’Еурометропол 1. Етапа 3

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——СО——— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—————— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања ВуелтаСО—————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Холандија Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Холандија Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016