Андер Ерера Агуера (роден на 14 август 1989 во Билбао) — шпански фудбалер, играч од средниот ред на .

Тој ја започнал својата кариера во Реал Сарагоса, пред да се пресели во Атлетик Билбао во 2011 година, каде што одиграл три одлични сезони, а потоа направил трансфер во премиерлигашот Манчестер Јунајтед за 36 милиони евра во 2014 година. Бил прогласен за играч на годината на клубот во сезоната 2016-2017 година.

Тој има освоено неколку трофеи со младите категории на фудбалската репрезентација на Шпанија под 20 и под 21 година, но исто така ја претставувал својата земја и на Летните олимписки игри 2012 во Лондон. Своето деби за сениорската репрезентација на Шпанија го направил во ноември 2016 година.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетик Билбао Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Баскиски фудбалери