Жолт смок ( или Coluber caspius) — чест вид змија од фамилијата на смоковите (Colubridae) застапена во Македонија, на Балканот и делови од Источна Европа.

Опис Оваа змија е најголемата во Европа. Обично достигнува должина од 140 до 160 см, но има и примероци долги по 200 см. Најголемата забележана била долга 250 см Не е отровна и претежно е активна преку ден. Главата продолжува кон телото со дебел врат. Има округли зеници, 19 реда мазни лушпи во средината на телото (иако ретко се среќаваат по 17). Грбните лушпи имаат по две пори на задниот раб. Средишниот дел на лушпата има посветла боја. Грбната страна од телото е сивокафеава и има белези што се јасно изразени во младоста, но избледнуваат кога единката ќе стане возрасна. Стомачната страна на телото е светложолта или бела.

Таксономија Синоними Жолтиот смок прв го завел Јохан Фридрих Гмелин во 1789 г. и оттогаш има добиено повеќе научни имиња. Еве ги сите синоними: Coluber caspius (Gmelin in 1789) Coluber acontistes Coluber thermalis Coluber jugularis caspius Hierophis caspius

Распространетост Оваа змија се среќава на Балканот, делови од источна Европа и мали делови од Мала Азија. Покрај Македонија, живее во Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, јужна Словачка, европска Турција, Молдавија, јужна Украина, јужна Русија, Казахстан, Јордан и јужна Унгарија. Според испитувањата, утврдено е дека жиевалиштата обично се наоѓаат во ниските поречија (испитани се Дунав и Олт).

Исхрана Жолтиот смок се храни со мали цицачи, гуштери, птици и други змии. Иако не е отровна, оваа змија важи за жестока бидејќи каса веднаш и без предупредување. Се смета за благотворна во земјоделството бидејќи јаде глодачи кои се штетни за културите.

Поврзано Смокови Список на змии во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Смокови Категорија:Таксони опишани од Јохан Фридрих Гмелин