Тернеузен () — град и општина во југозападниот дел на Холандија, во покраината Зеланд, во средина на Зеландска Фландрија. Со повеќе од 55.000 жители, таа е најнаселената општина во Зеланд.

Населени места

Тернеузен (население: 24.150), Аксел (8.274), Сас ван Гент (4.000), Замслаг (3.018), Хук (3.000), Кувахт (2.700), Слуискил (2.700), Филипине (2.200), Вестдорпе (2.028), Бирвлит (1.671), Зуидорпе (1.000), Зандстрат (379), Спуи (300), Оверслаг (250).

Топографија

480п|Холандска топографска карта на општината (2013)

Град Тернеузен

Градот Тернеузен се наоѓа на јужниот брег на естуарот на Западна Шелда. До остатокот на Холандија може да се стигне преку тунелот „Западна Шелда“ отворен во март 2003 година. Тернеузен не е поврзан со остатокот на Холандија со железница — иако фабриката Дау Кемикал е опслужувана од единствената товарна железничка линија до Гент во Белгија (патничката железничка линија до Тернеузен била укината во 1951 година).

Првпат бил споменат во 1325 година, Тернеузен бил стратешко пристаниште до Гент, во денешна Белгија. Денес, Каналот Гент-Тернеузен е сè уште важна бродска рута. Пристаништето во Тернеузен е третото најголемо во Холандија, по оние во Ротердам и Амстердам. Најголемата фабрика на Дау Кемикал Компани надвор од САД е сместена во Тернеузен, на западната страна на Каналот Гент-Тернеузен.

Традицијата вели дека Тернеузен некогаш бил дом на легендарниот Летачки Холанѓанин, Ван дер Декен, капетан кој го опцул Господ и бил проколнат засекогаш да плови по морето, како што е опишано во романот „Фантомски брод“ од Фредерик Марјат и операта „Летачки Холанѓанин“ на Рихард Вагнер.

Добил градски права во 1584 година. Пред 1877 година, градот често бил нарекуван Незен.

Познати жители

Сандра Рулофс — поранешна прва дама на Грузија Лодевејк ван ден Берг — астронаут Клас де Врис — композитор Жак Хамелинк — романописец, поет и литературен критичар Ерик де Брујн — филмски режисер Ерик ван Даме — холандски економист

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Пристаниште Тернеузен

Категорија:Општини во Зеланд Категорија:Градови во Холандија Категорија:Пристанишни градови во Холандија Категорија:Пристанишни градови на Северното Море Категорија:Населени места во Зеланд