Фил Спектор (англиски: Phil Spector) е американски филм во режија на Дејвид Мамет. Главните улоги ги толкуваат: Ал Пачино, Џефри Тамбор и Хелен Мирен. Содржина Познатиот музички продуцент Фил Спектор (го игра Пачино) е обвинет за убиството на глумицата Лана Кларксон. Адвокатката Линда Кени Баден (ја игра Мирен) гледа дека сите докази укажуваат дека нејзиниот клиент е убиецот. Додека ја подготвува одбраната, кај Линда се јавува привлечност во однос на ексцентричниот Спектор, но сфаќа дека само доказите нема да бидат пресудни за крајниот исход на судскиот процес.Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 20.

Наводи

Категорија:Филмови за музичари Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Дејвид Мамет Категорија:Филмови со Ал Пачино Категорија:Филмови со Хелен Мирен Категорија:Филмови од 2013 година