Договорот од Карловци бил склучен по крајот на Големата турска војна помеѓу Светата лига во чиј состав влегувале: Полско-литванската Државна Заедница, Хабсбуршката монархија, Венецијанската Република и Царство Русија од една страна и Отоманското Царство од друга страна. Договорот бил потпишан на 26 јануари 1699 година.

Територијални промени лево|мини|Територијални загуби на Османското царства со Карловачкиот мир од 1699: зелено - хабзбуршки добивки; плаво - млетачки добивки; розе - добивки на Полско-литванската унија; црвено - руски добивки Според договорот, Полско-литванската Државна Заедница ги добила земјите од десната страна на Украина заедно со Подолија и Каменец. Молдавија била вратена на Османлиите, а во составот останал и Банат. Најголеми придобивки имала Хабсбуршката монархија бидејќи ги добила Централна Унгарија, Трансилванија, областа меѓу реката Тиса и Дунав и голем дел од Славонија. Венеција пак ја добила Мореја, шест тврдини во Далмација и неколку острови во Грција.

Карловци Категорија:Договори на Хабсбуршката монархија Категорија:Договори на Полска Категорија:Договори на Русија Категорија:Договори на Венеција Категорија:Европа во 1699 година Категорија:Отоманското Царство во 16 век Категорија:Отоманска Србија Категорија:Отоманска Грција Категорија:Сремски Карловци Категорија:Историја на Срем Категорија:Голема турска војна