Омиш — град во Хрватска, во Сплитско-далматинска жупанија. Зафаќа површина од 266,20 км² и население од 6.462 жители. Во пошироката околина живеат 14.936 жители.

Географска положба Градот се наоѓа во Далмација, на устието на реката Цетина во Јадранско Море.

Историја До територијалната реорганизација во Хрватска се наоѓаше во составот на старата општина Омиш.

Подрачјето на Јадранскиот брег, прво го населуваат Илирите, околу 1000 година п.н.е., а после нив доаѓаат Грците околу 400 година п.н.е. кои основаа колонии на брегот и поблиските острови. После нив Римското Царство доаѓа на власт во 34 година п. н. е. Околу 600 година Србите и Хрватите се населуваат на подрачјето на денешна Далмација.

Првите жители на тоа подрачје после падот на римската власт според Константин Порфирогенит биле некрстените Срби, а Омиш се наоѓал во состав на српското кнежевство Паганија. Омиш бил најзначаен град на српска Паганија, од каде омишките гусари ги напаѓале бродовите.

Омиш првпат пат се споменува во историјата под името Онеум (латински: Onaeum), кој згаснува во почетокот на 7 век. Историското средиште на тогашниот Омиш било сместено на источниот брег на реката Цетина (името потекнува од фригискиот збор зетна - врата, и со тоа се опишува устието на Цетина во морето).

Во античкиот период населбата Омиш веројатно се наоѓала кај селото Баучиќ каде се пронајдени многубројни антички пронајдоци (релјефи, натписи, надгробни споменици, светилки, пари итн.). Најважни споменици, кои се чуваат во Градскиот музеј, се пронајдоците од камени римски натписи. Од текстот може да се заклучи дека се направени за време на владеењето на римските цареви Тибериј и Клаудиј, а највероватно биле наменети за некоја јавна зграда, споменик или пат, што говори за важноста на населбата во која се градени.

Население На пописот на население од 2011 година, градот Омиш имаше 14.936 жители, од кои во самото населено место 6.462.

Град Омиш Број на жители според пописот- Republika Hrvatska - Državni zavod za statistiku: Naselja i stanovništvo Republike Hrvatske 1857.-2001. 1857 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2001 2011 8.153 9.255 10.038 11.212 12.788 13.791 14.283 15.344 15.122 15.094 17.637 15.880 15.056 15.630 15.472 14.936

Омиш (населено место) Број на жители според пописот 1857 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2001 2011 575 821 771 851 936 1.014 1.439 1.854 1.506 1.651 2.408 3.731 4.800 6.079 6.565 6.462

Попис 1991 На пописот на населени од 1991 година, населеното место Омиш имало 6.079 жители, од следниот национален состав:

Збратимени градови Бол, Хрватска Хавиржов, Чешка Непомук, Чешка Загорје на Сава, Словенија Сан Феличе дел Молизе, Италија Рјазањ, Русија

Наводи

Надворешни врски Омиш на интернет Омиш Туристички портал на градот Омиш

Категорија:Хрватска Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Населени места во Хрватска Категорија:Сплитско-далматинска Жупанија