Димитар Поп-Георгиев Беровски (Берово, - Долна Граштица, ) — македонски национален деец и револуционер Preface The first page of the constitution of the Kresna Macedonian Uprising in 1878.The Prescripts of the Macedonian Rebel Committee were formulated, it is believed, at the beginning of the second phase of the Macedonian uprising in Kresna. The commander of headquarters, Dimitar Pop Georgiev, was again among the rebel ranks when the capital document was drawn up. They proclaimed the social, national, and philosophical aims of the uprising. They were the logical expression of the theretofore subjugated Macedonian nation, a declaration of cultural and educational emancipation, of individualization, of independence, and of cooperation with other Balkan peoples,... The first Constitution of Macedonia - Kresna 1878 by The Macedonian Rebel CommitteeПисмо од горноџумајскиот македонски револуционерен комитет, 9 октомври 1878 . A.Калмиков.Indication why the Uprising (The Razlovci Uprising at first place, 1876) failed is given in the „Macedonian Knot“, written by Hans Lothar Steppan on page 40: „The Macedonian Leader of this Uprising (Razlovec), Dimitar Pop Georgiev was not granted an audience in St. Petersburg, when he was there to ask for an Russian assistance.”, The Aims of the Macedonian Uprising Article 208Тој е еден самосвесен Македонец, интелектуалец (се школувал во Солун, Одеса, Белград) кој уште тогаш предупредувал дека доколку не добиеме поддршка од папата, од Католичката црква, како најорганизирана институција во светски рамки во тој период, евидентно Македонија ќе биде изложена на делби на соседните христијански „браќа”. Токму затоа, токму Беровски, воопшто не е афирмиран (краден) во бугарската историографија. Одбегнуваат да го споменат., проф. д-р Виолета АчкоскаКресна и РазлогБиографија на Беровски. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна богословија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 г. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.
Во Солун заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт. Бил главен организатор на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб.
Воедно бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан, кои во 1874 година ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската,кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан. По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел сè до својата смрт на 19 декември 1907 година.
Рани години Димитар Поп Георгиев е роден во Берово, Малешевско тогаш во Османлиското Царство во свештеничко семејство. Првично учел во родното место, а подоцна неговиот татко го испратил во Солун каде што требало да го продолжи своето образование во патријаршиско училиште. Во 1858 година се запишал при Духовната богословија во Одеса, меѓутоа не ја завршил. Тука се запознал со бугарскиот национален деец и револуционер Георги Раковски. Подоцна емигрирал во Кнежевството Србија и учествувал во Првата Бугарска Легија во Белград. Во 1863 година бил доброволец во српската војска. Во периодот помеѓу 1863-1876 година, Димитар бил во коресподенција со Стефан Верковиќ. Во овој период се запознал и со Арсеније Костенцев. Димитар во Кнежевството Србија останал до крајот на 1865 година, кога со паричен заем добиен од Верковиќ со посредство на Павел Јозеф Шафарик се вратил во својата татковина.
Борба против Цариградската патријаршија
Димитар кон крајот на 1865 година се вратил во родното Берово. Во периодот помеѓу 1865 до 1868 година учителствувал во Берово, а подоцна и на други места во Малешевско. Димитар во Малешевско застанал на чело на борбата против Цариградската патријаршија и фанариотското влијание. Во северниот дел на Македонија каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месни владици како и воведување на црковно - словенскиот јазик В. Кънчов, Град Скопие, Периодическо списание София, г. XI, 1898 во црквите и македонскиот народен јазик во наставата Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980.
Во 1873 година бил избран за управник на училиштето и раководител на црковно-училишната општина. Во 1874 година, под водството на Димитар, беровските селани го протерале струмичкиот фанариотски владика Јеротеј Комбајност. Поради оваа дејност Димитар и неговите браќа биле затворени од властите, меѓутоа Димитар успеал да избега и се засолнил во Цариград. Во престолнината на Османлиското Царство стапил во контакт со Стојан Чомаков, Авксентиј Велешки, Христо Топчилшов и други дејци од борбата против Цариградската патријаршија. Бидејќи постоела опасност од апсење, Димитар заминал во Солун. Во меѓувреме, незадоволните малешевци од решавањето на црковното прашање во 1874 година се обратиле кај унијатскиот епископ Рафаел Попов во Одрин да бидат примени во Унијатството. Димитар го придружувал Нил Изворов при неговата обиколка на таа област и бил водушевен од идејата за унија како средство за обнова на Охридската архиепископија и решавање на македонското црковно прашање.
Разловечко востание
мини|лево|150п|Димитар Поп-Георгиев Беровскидесно|мини|200п|Знамето на Разловечкото востание Меѓутоа набрзо увидел дека црковно-просветните борби и унијата како средство за обнова на Охридската архиепископија нема да го решат основното барање на селаните и граѓаните за нивното ослободување од османлиската власт. Затоа подготвил план за кревање на востание во Македонија и во 1875 година во Солун формирал таен кружок, окарактеризиран како таен револуционерен комитет. Најголем проблем за успешно изведување на востанието претставувал недостатокот на парични средства со кои требало да се набави оружје, муниција, топла зимска облека и санитетски материјал.
За да дојде до пари, Димитар Беровски одлучил да го продаде својот имот во Берово, а за таа цел дел од својот имот продал и Поп Стојан, кој ветил и дека ќе го исплати сиот Десеток за селаните од Разловци, за да можат да купат оружје. Покрај тоа, Димитар Беровски им порачал на двете учителки од Сопот, баба Недела и Станислава Караиванова да изработат знаме за идното востание. Знамето било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија и Станете да ве освобода.
Во април 1876 г. Димитар Беровски пристигнал во селото Разловци за да согледа како се одвиваат подготовките за востание, со кои активно раководел Поп Стојан Разловски. За војвода и главен водач бил избран Димитар Беровски. На 20 мај 1876 г. Разловци било нападнато од востаниците. Некои Турци биле убиени, а други ранети. Откако се пресметале со тамошните Турци, еден дел од четата предводена од Беровски заминала кон Малешевијата, за да се соединат со од порано подготвени 300 малешевци.
Другата група под водство на Цоне Спасов требало да ги евакуира жителите на Разловци и нивната стока, а потоа да се приклучи кон главните востанички сили. На пат кон Берово, кај селото Митрашинци, Димитар Беровски и неговата чета имале судир со една помала турска воена единица. Таа била растерана, но Беровски бил ранет во главата. Оваа неповолна состојба делувала негативно и востаниците наместо да одат кон Малешевијата, се вратиле назад, во Разловци.
Од Разловци четата на делумно закрепнатиот Димитар Беровски продолжила кон Кочанско. Откако ги победила Турците во Лаки, четата тргнала кон селото Смилјанци, Радовишко каде од порано имало складирано оружје. Меѓутоа во Смилјанци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, така што и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех. Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Сер, Солун, Скопје и др. Разловечката чета на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.
Македонско востание
мини|лево|150п|Печат на Главниот штаб на Македонското востаниемини|десно|350п|Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев со четата, дел од спомениците Лавови на мостот Гоце Делчев во Скопјемини|лево|150п|Писмо на Димитар Поп-Георгиев Беровски
Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци - учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и Димитар Поп-Георгиев Беровски. Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети Единство, кои ги организирале мирните, но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес. При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци - Македонци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму.
На состанокот одржан на 8 септември во Рилскиот Манастир, свикан од Натанаил на кој присуствувале и Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Дедо Иљо Малешевски (Марков) било решено да се повикаат сите чети кои дејствувале недалеку од демаркационата линија да се приближат до Горна Џумаја. Токму на ова советување бил прифатен предлогот на еден од поистакнатите војводи Стојан Карастоилов, востанието да започне со нападот на Кресна. Тука било прифатено со нападот да раководи Стојан Карастоилов.
Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија. Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов. За ова Поп-Георгиев Беровски уште на 20 октомври (8 октомври, стар стил) го известил Џумајскиот комитет и се потпишал како началник штаба на македонските востаници:
Овде се појавиле првите несогласувања и недоразбирања помеѓу македонските револуцинери и бугарските комитети. Претставниците на комитетот Единство, Адам Калмиков и Луј Војткевич сакале востанието да биде проширено што поскоро и во останатите делови на Македонија со цел да се привлече вниманието на европската дипломатија. Меѓутоа Стојан Карастоилов, Димитар Поп Георгиев и другите македонски војводи се стремеле најпрво востаничката територија да се организира, да се набави оружје, муниција и друг воен материјал, да се регрутираат свежи востанички сили и дури потоа да се удри на останатите области. Во сите ослободени места била воспоставена народна власт, а народот без разлика на националната и верска припадност (Македонци, Турци, христијани, муслимани) бил целосно ослободен од сите даноци.
Во ослободените места не биле забележани протерувања, убиства и изживувања врз турското муслиманско население. Македонското население од сите ослободени места со големо воодушевување го помагало востанието. Раководството презело мерки и за орагнизирање на регуларна војска:
мини|лево|150п|Дедо Иљо Малешевскимини|десно|150п|Натанаил Кучевишки