Циглана е населба во крајниот југоисточен дел на градот Гостивар, на самите ниски падини на планината Буковиќ. На запад се граничи со населбата Фазанерија, на север со Бањешница, додека на исток и североисток граница птетставува пругата на линијата Гостивар-Кичево и регионалниот пат R 2231. Населбата се состои од два дела - Циглана I и Циглана II. Создадена е во времето на индустријализацијата на Гостивар, поточно со иградбата на големата фабрика за тули - Циглана. Населението е претежно македонско со потекло од Поречието и Железна Река. Во Циглана I има и ромски семејства.

Манастир Св.Преображение Христово - манастирска црква во изградба во месноста Црн Врв;Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ја благослови иницијативата за изградба на нов Манастирски комплекс посветен на „Св. Преображение“ во месноста Циглана – ГостиварПО СТО ГОДИНИ ВО ГОСТИВАР ЌЕ СЕ ГРАДИ ЦРКВА

Наводи

Категорија:Населби и маала во Гостивар