Бихен () — општина во округот Војводство Лауенбург, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на Каналот Елба-Либек, околу 13 километри североисточно од Лауенбург (Елба) и 45 километри источно од Хамбург.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница. Железничката станица во Бихен претставува јазол за железничките линии Берлин-Хамбург и Либек-Линебург.
Историја
Помеѓу 1945 и 1990 година, Бихен служел како западногермански граничен премин на внатрегерманската граница за железнички сообраќај. Преминот бил отворен за возови кои патувале помеѓу советската окупациска зона (до 1949 г., потоа Источна Германија или Западен Берлин и американската окупациска зона (до 1949 г.) потоа Западна Германија. Сообраќајот бил предмет на меѓузонските одредби, пропишани со Транзитниот договор од 1972 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Војводство Лауенбург Категорија:Внатрегерманска граница