Цариградскиот договор од 22 ноември 1897 година ставил крај на Грчко-турската војна. Под притисок на Големите сили, Османлиите биле принудени да се откажат од заземените територии во Тесалија во замена на неголеми територијални придобивки (395 km2) и воена репарација во износ од 4 милиони турски лири.
Поради неспособност да го исплати овој долг, Грција паднала под финансиска контрола на Големите Сили. Според истиот договор била прекратена војната на островот Крит и островот добил административна автономија на чело со принцот Георгиос (вториот принц на грчкиот крал) како врховен комесар на Велика Британија, Франција, Русија и Италија.
Категорија:Османлиски Цариград Цариград (1897) Категорија:Мировни договори на Грција Категорија:Европа во 1897 година Категорија:Отоманското Царство во 19 век