Битката кај Ерзинџан — битка помеѓу Отоманското Царство и Руското Царство во текот на Првата светска војна.

Битката кај Ерзинџан се одвила во периодот од 2 јули 1916 до 25 јули 1916 година. Во февруари 1916 година, Николај Јуденич ги освоил градовите Ерзурум и Трабзон. Градот Трабзон им обезбедил на руските сили добивање на помош преку пристаништето. Кога Енвер Паша наредил поход за враќање на реонот на чело со Вехип Паша, османлиските сили биле повторно поразени кај Ерзурум и морале да се повлечат. Како резутат на тоа, Третата османлиска армија била доста ослабена а градот Ерзинџан паднал под руска контрола.

Наводи

Категорија:Судири во 1916 година Категорија:Историја на Ерзинџан Категорија:Битки во Кавкаскиот поход Категорија:Битки на Отоманското Царство во Првата светска војна Категорија:Битки на Руската Империја во Првата светска војна