Воловар (лат. Boötes, Boo) — соѕвездие на северното небо, со местоположба меѓу 0° и +60° деклинација, и 13 и 16 часа на ректасцензија на небесната сфера. Името потекнува од старогрчкиот поим Βοώτης, Boōtēs, што значи овчар или орач (или буквално, воловар, од boos, поврзано со латински bovis, „говедо“).

Станува збор за едно од 48 соѕвездија опишани од астрономот Птоломеј, Воловар денес е едно од 88 современи соѕвездија. Ја содржи четвртата најсјајна ѕвезда на ноќното небо, портокаловиот Арктур. Воловар е дом на многу сјајни ѕвезди, од кои четири се со светлинска величина над 4 и дополнителни 21 ѕвезда со светлинска величина над 5 со што се добиваат 29 ѕвезди кои се видливи со голо око.

Историја и митологија

Во Стариот Вавилон ѕвездите во Воловар биле познати како ШУ.ПА. Истите биле опишани како богот Енлил, кој бил водачот на Вавилонскиот пантеон и специјален заштитник на земјоделците.

Името Βοώτης за првпат било употребено од Хомер во неговата Одисеја како небесна појдовна точка за навигација,Homer, Odyssey, book 5, 272, преведено како „орач“ или „плугар“. Не е точно познато кој треба да биде претставен во соѕвездието Воловар во старогрчката митологија. Според една приказна, станува збор за синот на Деметра,Levy 1996 pp=141 Филомел, братот близнак на Плутон, браздар кој ги отерал воловите во соѕвездието Голема Мечка. Ова се потврдува со името на соѕвездието, кое значи „терач на волови“ или „овчар“. Старите Грци го виделе астеризмот сега наречен „Голема Мечка“ или „Плуг“ прикачен на волови. Ова влијаело на потеклото на името кое било добиено од грчките зборови за „бучен“ или „терач на волови“. Друг мит поврзан со Воловар е дека тој го измислил плугот и поради тоа бил поставен на небото како соѕвездие.

Уште еден мит поврзан со Воловар е оној на Хигин за Икариј, кој бил подучуван да биде лозар и винар од страна на Дионис. Икар правел толку силно вино што тие кои го пиеле, делувале како отруени, што предизвикало овчарите да ги одмаздат своите наводно отруени пријатели убивајќи го Икариј. Мајра, кучето на Икариј, ја довело неговата ќерка Еригона до телото на нејзиниот татко, по што таа и кучето извршиле самоубиство. Зевс одлучил да ги постави сите на небото како соѕвездија Икариј како Воловар, Еригона како Девица, и Мајра како Големо Куче.

Во други записи, соѕвездието се нарекува Аркас и се однесува на Аекас и Арктур, синот на Зевс и Калиста. Аркас бил израснат од детото по мајка Ликаон, кај кого еднаш наминал Зевс на ручек. За потврди дека гостинот навистина е врховниот бог, Ликаон го убил сопствениот внук и подготвил ручек со неговото месо. Зевс ова го забележал и се налутил, го претворил Ликаон во волк и го оживеал неговиот внук. Во меѓувреме Калиста била претворена во мечка, од страна на Зевсовата сопруга Хера, која се налутила поради неверството на Зевс. Ова го потврдува грчкото име за Воловар, Арктофилакс, што значи „мечко чувач“. Калиста која била воп облик на мечка за малку ќе била убиена од сопствениот син. Зевс ја спасил, поставувајќи ја на небото како Голема Мечка Ursa Major. Името Арктур (најсветлата ѕвезда во соѕвездието) потекбува од грчки збор што означува „заштитник на мечките“. Понекогаш Арктур е прикажан како ги води ловечките кучиња на блиското соѕвездие Ловечки Кучиња и гонејќи ги мечките познати како Голема Мечка и Мала Мечка.

Наколку застарени соѕвездија биле оформени од ѕвезди кои сега припаѓаат на Воловар. Ѕиден Квадрант, Quadrans Muralis беше соѕвездие создадено во близина на Бета Воловар од слабо светли ѕвезди. Било осмислено од астрономот Жером Лаланд во 1795 г., кој користел квадрант за да изврши детални астрономски мерења. Лаланд соработувал со Никол Рејн Лепут и останатите за да го предвидат повторното појавување на Халеевата Комета. Ѕидниот Квадрант бил оцртан од ѕвездите од источниот Воловар, западниот дел од Херкул и Змеј. Првично било нарекувано Le Mural од Жан Фортен во неговиот Небесен Атлас Atlas Céleste во 1795 г., не го добило името Quadrans Muralis сè до Бодевата Уранографија Uranographia од 1801 г. Соѕвездието било многу темно, најсветлите ѕвезди достигнувале светлинска величина 5. Менелај, кое ги претставува Менелајските планини, било создадено од Јован Хевелиј во 1687 г. на стапалото од соѕвездието Воловар. Планината била именувана спород синот на Ликаон, Менелај. Планината, едно од ловиштата на Дијана, било свето за Пан.

Источна астрономија

Ѕвездите во Воловар се припоени во многу различни кинеските соѕвездија. Арктур бил дел од повеќето од соѕвездијата, именуван најразлично како небесен кралски престол (Тјенванг) или рогот на синиот змеј (Дајѓао), името Дајѓао, означува „голем рог“, е многу почесто. Арктур бил од голема важност за кинеската небесна митологија поради статусот кој го имал како означувач на почетокот на месечевиот календар, како и тоа што е најсветлата ѕвезда на северното ноќно небо. Двете соѕвездија означени како Дајѓао, Јоушети на десно и Ѕуошети на лево, ги претставуваат другарите кои ги одредуваат сезоните. Ѕуошети било создадено од современата Зета, Омикрон, и Пи Воловар, додека пак Јоушети е создадена од современите Ета, Тау и Ипсилон Воловар. Диси, церемонијалниот тепих на императорот е на север од Арктур, се состои од ѕвездите 12, 11 и 9 Воловар. Друго северно соѕвездие е Ќигунг, Седумте Војводи, кое се протега претежно по границата на Воловар и Херкул. Ги вклучува во себе Делта Воловар или Бета Воловар.

Другите кинсески соѕвездија кои се создадени од ѕвездите на Воловар постоеле во современите соѕвездија на северот и сите претставуваат оружја. Тјенќанг, Копје, е создадено од Јота, Капа и Тета Воловар; Генгхе, претставено како штит и копје, е создадено од Ипсилон, Ро и Сигма Воловар. Постојат и две други оружја кои се создадени од поединечни ѕвезди. Сјуенге, хелебарда, е претставено со ѕвездата Ламбда Воловар и Џаохао, меч, претставено од Гама Воловар.

Две кинески соѕвездија немаат сигурно место во Воловар. Кангче, езеро, било сместено јужно од Арктур, иако местоположбата е спорна. Можно е целосно да припаѓа на Воловар, или пак на границата меѓу Воловар и Девица или на која и да било од страните на Девица и Вага. Соѕвездието Џоудинг, бронзен триножник кој понекогаш се споменува дека се состои од 1, 2 и 6 Воловар. Но, истото се поврзува и три ѕвезди во Беренинкина Коса.

Особености

Воловар е соѕвездие кое се граничи со Девица на југ, Береникина Коса и Ловечки Кучиња на запад, Голема Мечка на северозапад, Змеј на североисток и Херкул, Северна Круна и Змиска Глава на исток. Кратенката од три букви била усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 г., и истата е 'Boo'. Официјалните граници на соѕвездието, поставени од Ежен Делпорт во 1930 г., и дефинирани како многуаголник од 16 делови. Во екваторскиот координатен систем, ректасцензионите координати на тие граници се и , додека пак деклинационите координати се протегаат од +7,36° to +55,1°. Заземајќи површина од 907 квадратни степени, Воловар кулуминира на 2 мај околу полноќ и според површината е на 13-то место.

Следствено на тоа, начинот на кој се распределени ѕвездите се поврзува со змеј или пак корнет. Но, приказите на Воловар се менувале низ историјата. Арат го опишува дека кружи околу Северниот Пол, чувајќи ги двете мечки. Подоцнежните старогрчки описи запишани од Птоломеј, го претставуваат како ги држи каишките на неговите ловечки кучиња во неговата лева рака, додека пак во десната има копје, стап или палка. Откако Хевелиј го воведува соѕвездието Планина Менелај во 1681 г., Воловар се претставува како да стои на оваа планина во Пелопонез. До 1801 г., кога Јохан Боде ја објавува својата Уранографија, Воловар поседува срп кој го држи во својата лева рака.

Поставувањето на Арктур се менувало низ вековите. Вообичаено, Арктур е меѓу неговите бутови, според цртежите на Птоломеј. Но, Германик ја напушта оваа пракса поставувајќи го Арктур во местото каде „наметката е закопчана со јазол“.

Забележителни особености

Ѕвезди

Јохан Бајер во своето дело Уранометрија ги користел грчките букви од алфа до омега а подоцна и од А до К за да ги означи најсветлите 35 ѕвезди во соѕвездието, со подоцнежни делби на Капа, Му, Ни и Пи за оние кои се двојни ѕвезди. Ни е истата ѕвезда која е позната под името Пси Херкул. Џон Флемстид избројал 54 ѕвезди во ова соѕвездие.

На растојание од 36,7 сг. од Земјата, Арктур или Алфа Воловар, е најсветлата ѕвезда во Воловар и четвртата најсјајна ѕвезда на небото со привидна светлинска величина −0,05. Станува збор за најсветлата ѕвезда на север од небесниот екватор, засенувајќи ги Вега и Капела. Името потекнува од старогрчкиот збор за „чувар на мечки“. Станува збор за портокалов џин со спектрална класа K1.5III, Арктур е стара ѕвезда која го истрошила својот водород и изладила поради што нејзиниот пречник се проширил за 27 сончеви пречници, што е еднакво на 32 милиони километри. Иако масата му изнесува приближно една сончева маса, Арктур сјае со сјајност поголема 133 пати од онаа на Сонцето. Бајер го сместува Арктур над левото колено на овчарот во неговата Уранометрија. Блиската Ета Воловар, или Муфрид, е нагорната ѕвезда која ја означува неговата лева нога. Станува збор за ѕвезда со светлинска величина 2,68 и истата е на растојание од 37 сг. од Земјата и според спектралната калса е G0IV, што кажува дека е ѕвезда која штотуку го истрошила водородот во своето јадро и почнала да се шири со ладењето. Има сјајност 9 пари поголема од онаа на Сонцето и 2,7 пати поголем пречник. Анализата на спектарот покажува дека се работи за спектроскопска двојка. Муфрид и Арктур се на растојание од 3,3 сг. Гледано од Арктур, Муфрид ќе поседува видна светлинска големина од -2½, додека пак Арктур гледан од Муфрид има видна светлинска големина -4½.

Главата е означена со ѕвездата Бета Воловар, или Некар, жолт џин со светлинска величина 3,5 спектрална класа G8IIIa. Како Арктур, истата се раширила и оладила напуштајќи ја главната низа, пред тоа најверојатно била синобела ѕвезда од типот B. Нејзинето често име потекнува од арапскиот израз за „терач на говеда“. се наоѓа на растојание од 219 сг. и има сјајност од 58 L☉. На растојание од 86 сг., Гама Боловар, или Сегин, е бела џиновска ѕвезда со спектрална класа A7III, со сјајност 34 пати и пречник 3,5 пати од оној на Сонцето. Станува збор за Делта Штит променлива, која има светлинска величина која се движи меѓу 3,02 и 3,07 на секои 7 часа. Овие ѕвезди имаат куси периоди (најмногу 6 часа) и овие пулсирачки ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи и се дел на проучување на науката наречена астросеизмологија. Делта Воловар е широка двојна ѕвезда со светлинска величина на првичната ѕвезда 3,5 и на втората со светлинска големина 7,8. Првичната ѕвезда е жолт џин кој се изладил и пречникот нараснал 10,4 пати од оној на Сонцето. Со спектрална класа G8IV, и е нарастојание од 121 сг. од Земјата, додека втората ѕвезда е жолта ѕвезда од главната низа од спектрална каса G0V. Се смета дека на двете ѕвезди им требаат 120.000 години за да направат една орбита околу самите себе. Ми Воловар, позната и како Алкалуропс, е тројна ѕвезда позната кај аматерите астрономи. Вкупната светлинска величина е 4,3 и растојание од 121 сг. Името потекнува од арапскиот израз „палка“ или „стап“. Првичната ѕвезда е со светлинска големина 4,3 и е синобела. Втората ѕвезда е со светлинска величина 6,5, но станува збор за двојнаѕвезда со светлинска големина 7 и другата со 7,6. Втората и третата ѕвезда имаат орбитален период од 260 години. Првичната има апсолутна светлинска величина од 2,6 и спектрална класа F0. Втората и третата ѕвезда се одвоени со 2 лачни секунди, првичната и втората се одвоени 109,1 лачни секунди под агол од 171 степени. Ни Воловар е оптичка двојна ѕвезда. Првичната е потокалов џин со светлинска величина 5 и втората е бела ѕвезда со светлинска величина 5. Првичната ѕвезда е 870 сг. и втората на 430 сг. од Земјата.