Економски факултет - Скопје или само Економски факултет — факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, и една од првите високообразовни институции во Македонија. Бил основан на 14 ноември 1950 година, како петти факултет во рамките на Скопскиот универзитет.
Историја
Економскиот факултет во Скопје е најстариот факултет од областа на економијата во Македонија. Тој бил основан на 14 ноември 1950 година со Одлука на Владата на Македонија. Економскиот факултет е основан како петти факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека во поранешна Југославија бил меѓу првите три економски факултети. Во 1951 година, Факултетот бил преименуван во Правно-економски факултет со два отсека – Правен и Економски, а од 1956 година Економскиот факултет повторно работел како самостојна институција.
Студиски програми
Економскиот факултет - Скопје нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Програмите за работа се менувани неколкупати при постоењето на факултетот, а изменувани се и самите насоки.
На првиот циклус на студии се нудат студии на седум различни департмани:
маркетинг финансиски менаџмент сметководство и ревизија надворешна трговија менаџмент економија е-бизнис
На вториот циклус на студии се нудат студии на повеќе различни насоки. Воедно на вториот циклус студии постојат едногодишни и двегодишни студии.
Едногодишни студии се следниве насоки:
сметководство и ревизија МБА - менаџмент монетарна економија, финансии и банкарство економски развој и меѓународни финансии маркетинг европски студии управување со јавниот сектор статистички методи за бизнис и економија е-бизнис менаџмент менаџмент во осигурувањето стратегиски менаџмент на човечки ресурси
Двегодишни студии се следниве насоки:
маркетинг монетарна економија, финансии и банкарство сметководство и ревизија е-бизнис менаџмент статистички методи за бизнис и економија стратегиски менаџмент на човечки ресурси
Одбележување
По повод 50-годишнината од постоењето на факултетот, Народната банка на Македонија издала пригодни ковани пари, односно 2 златни денари. Одлуката за ова ја донела Владата на Македонија на 9 мај 2000 година.
Народната банка издала 2 златни денари во 1.000 примероци со тежина од 7 грами. На аверс страната се наоѓало петоаголно лого на Економскиот факултет 1950-2000, додека на реверс страната се наоѓала гравура на зградата на Основното училиште „Гоце Делчев“, каде во 1950 година биле одржани првите часови. Парите биле изработени од ковницата „Голдмак“ од Радовиш, а нивен автор била Билјана Унковска.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
*