Хајнрих Луј Даре (; 13 август 1822 – 14 јуни 1875) — Müller, August, Allgemeines Wörterbuch der Aussprache ausländischer Eigennamen (7th ed., 1903), p. 34. германски астроном, роден во Берлин. Неговото име понекогашсе води како Хајнрих Лудвиг Даре.

Животопис

додека бил студент на универзитетот во Берлин, Даре бил дел од дружината на Јохан Готфрид Гале која трагала по Нептун. На 23 септември 1846 г, тој предложил дека на одредена неодамнешно нацртана карта од небото, од областа која ја предвидел Ирбен Леверје, може да се спореди со денешното небо и да се побара поместувањето кое е особеност на планета, во споредба со неподвижните ѕвезди. Нептун бил откриен истата ноќ.

Подоцнежната работа во Лајпцишката опсерваторија го навела, во 1851 година, да ја открие кометата именувана според него (означена како 6P/Даре). Тој исто така ги проучувал астероидите (го открил астероидот 76 Фреја) и маглините.

Во 1864 година неуспешно се обидел да ги најде Марсовите месечини, и поставил горна граница од 70 лачни минути како растојание од кое би требало да се бараат месечините на Марс.Lord Lindsay, "Address," Monthly Notices of the Royal Astronomical Society 39:4 (Feb. 14, 1879), p. 311.

Во 1875 година го добива златениот медал на Кралското астрономско друштво.

Во 1857 година, се оженил за Августина Емилија Мебиус, ќерката на неговиот тогашен надгледувач, Август Фердинанд Мебиус. Починал во Копенхаген, Данска.

Според него е именуван кратерот Даре на Месечината, како и кратерот на марсовата месечина Фобос и астероидот 9133 Даре.

Поврзано

Наводи

Категорија:Родени во 1822 година Категорија:Починати во 1875 година Категорија:Германски астрономи Категорија:Луѓе од Берлин Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Откривачи на комети Категорија:Добитници на Лаландовата награда Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките