Прирачникот на трујачот Јанг e британски филм, во режија на Бенџамин Рос. Главните улоги ги толкуваат: Хју О’Конор, Антони Шер и Тобијас Арнолд. Содржина Филмот се заснова врз вистинска приказна за еден британски тинејџер, кој ги отрул родителите и колегите од работата. Греам е интелигентно момче, но многу неморално. Тој се интереира за хемијата и е фасциниран од морбидни убиства. Најпрвин, со мали дози отров, ја труе мајка си. Сепак, полицијата го открива и тој завршува во душевна болница. Поради добро поведение, тој излегува на слобода и се вработува во една фирма, каде почнува систематски да ги труе колегите. Кога еднаш ќе ги помеша шолјите со кафе, наеднаш ќе биде откриен неговиот идентитет.Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 16.

Наводи

Категорија: Британски филмови