Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ — збирка раскази од повеќе странски автори, во издание на „Темплум“, објавена во 2011 година како 98 книга во рамките на едицијата „Магма“. Приредувач на книгата е Владимир Јанковски. Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (20 сантиметри), во мек повез и има 390 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-04-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Хорге Сантос (Jorge Santos), додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на застапените автори. Книгата е објавена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011. Содржина Збирката „Пат околу светот во 20 раскази“ содржи 20 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторите и попис на книгите објавени во едицијата „Магма“. Во збирката се застапени следниве раскази: Хорхе Луис Борхес, Песочната книга Јохан Борген, Пасош Дино Буцати, Девојката што паѓа Хулио Кортасар, Аксолотл Итало Калвино, Грофот Монтекристо Јукио Мишима, Патриотизам Ефраим Кишон, Само без скршнување Габриел Гарсија Маркес, Чудесното попладне на Балтазар Милан Кундера, Лажен автостоп Милорад Павиќ, Руски загар Славомир Мрожек, Паѓање Доналд Бартелми, Некои од нас долго му се закануваа на нашиот пријател Колби Јуриј Мамлеев, Домарот наспроти смртта Анри Гуго, Догледање Луси Рејмонд Карвер, Катедрала Људмила Петрушевска, Црниот капут Маргарет Етвуд, Изгрејсонце Бернхард Шлинк, Другиот Ијан Мекјуан, Прва љубов, последни ритуали Георги Господинов, Божури и незаборавки

Наводи

Категорија:Изданија на Темплум