И други приказни (бугарски: И други истории) — збирка раскази на бугарскиот писател Георги Господинов од 2001 година, во издание на „ЖАНЕТ-45“ од Пловдив. На македонски јазик, збирката е објавена во 2006 година во издание на „Темплум“, како 44 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од бугарски јазик е дело на Никола Маџиров. Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 123 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-82-8. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Ман Реј, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“.Георги Господинов, И други приказни, Темплум, Скопје, 2006. Содржина Збирката „И други приказни“ содржи 21 расказ, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази: Осмата ноќ Човекот со многуте имиња Први чекори Една втора приказна Приказна од железничката станица Кристин кој мавта од возот Мува во писоарот За вкусот на имињата За крадењето приказни Задоцнетиот подарок Л. Божикната душа на едно прасе Кошмарот на една дама Третиот Божури и незаборавки Слепата Вајша Жива душа Ковањето на бугарската обетка Белите гаќи на приказната Последна приказна за 90-те Гаустин

Наводи

Категорија:Дела на Георги Господинов Категорија:Изданија на Темплум