Бојан Трајковски (роден на во Македонска Каменица) — македонски поранешен кошаркар и член на македонската машка репрезентација, крилен центар кој последен пат настапувал за кошаркарскиот клуб Феникс 2010.
Животопис
Кариера Клупска кариера Својата професионална кариера Трајковски ја започнал во екипата на Балкан Стил во 2002. Потоа, тој шест години го носел дресот на Работнички со кои освоил 4 шампионски титули во македонското првенство и 3 Купа на Македонија. За сезоната 2009/10 потпишал договор со екипата на Фени Индустри каде продолжил да реди успеси освојувајќи уште по една титула во Првенството и во Купот. Потоа играл две сезони за Торус една одново за Фени и една во Лирија. По распаѓањето на Лирија, Трајковски како слободен играч го напуштил клубот и го имал своето прво искуство во странство потпишувајќи договор со полската екипа Енерга Чарни Слупск. Но откако одиграл само 8 натпревари од кој дури еден како стартер, Бојан го напуштил клубот во почетокот на февруари 2015, и се преселил во Сигал Приштина од Косово. Трајковски заедно со сонародникот-тренер Марјан Илиевски го освоил БИБЛ натпреварувањето во 2015 година.Илиевски и Трајковски се новите прваци во БИБЛ-лигата ekipa.mk 29 април 2015Сигал Приштина со Илиевски и Трајковски ја освои БИБЛ лигата sportmedia.mk 29 април 2015 Во октомври 2015 година, Трајковски потпишал отворен договор со Работнички.Работнички во битка со времето: Трајковски потпиша, се чека сертификатот за да игра во Гевгелија! sportmedia.mk 8 октомври 2015Најавите се остварија: Трајковски и Димчевски потпишаа за Работнички ekipa.mk 8 октомври 2015 Иако било најавено дека Бојан Трајковски дека преминал во грчки Аполон Патрас,Кратко во Работнички: Бојан Трајковски се сели во Аполон ekipa.mk 13 октомври 2015Толку од „љубовта“ со Работнички: Трајковски се сели во Грција - ќе игра за Аполон Патра! sportmedia.mk 13 октомври 2015Трајковски се сели во грчки Аполон derbi.mk 13 октомври 2015 тој сепак не нашол заеднички договор со Аполон и останал во Работнички.Трајковски: Немам договор со Аполон! sport.com.mk 14 октомври 2015Ништо од трансферот во Грција: Бојан Трајковски (засега) останува во „Градски парк“! sportmedia.mk 17 октомври 2015 На крајот на ноември 2015 година, Трајковски потпишал за Куманово 2009.Бојан Трајковски потпиша за Куманово! ekipa.mk 29 ноември 2015Бојан Трајковски ги откри „тајните“ на Работнички и потпиша за – Куманово! sportmedia.mk 29 ноември 2015 Во јули 2016 година, Трајковски потпишал нов едногодишен договор со Куманово.Бојан Трајковски уште една година во Куманово ekipa.mk 28 јули 2016Бојан Трајковски уште една сезона во Куманово sport365.mk 29 јули 2016 Набрзо потоа тој потпишал за Сигал Приштина бидејќи со Куманово имал отворен договор.Бојан Трајковски потпиша за Сигал Приштина! ekipa.mk 16 август 2016Место во Куманово, Трајковски кон Приштина sportmedia.mk 17 август 2016Бојан Трајковски се врати и веќе беше претставен како кошаркар на Сигал Приштина gol.mk 17 август 2016 Во декември 2016 година, Бојан Трајковски се вратил во Македонија, во екипата на Карпош Соколи 2000. Со Карпош Соколи, Трајковски го освоил Купот на Македонија 2017. Во август 2017 година, тој ја продолжил својата кариера во МЗТ Аеродром. Во јуни 2018 година, Трајковски се преселил во Пакш од Унгарија. Во почетокот на февруари 2019 година, Трајковски и Атомерому заемно го раскинале договорот за соработка. Веднаш потоа, Бојан потпишал за Гостивар. Бојан ја променил средината и потпишал за Кожув за сезоната 2019/20. На крајот на мај 2020 година, Трајковски потпишал за Пелистер. Репрезентативна кариера Во квалификациите за ЕП 2015, Бојан Трајковски бил најдобар стрелец на македонската репрезентација, со постигнати 68 бода (11,3 по натпревар), а имал и 32 скока (5,3 по натпревар).„Трајковски: Тие што не веруваа во нас, ги канам да нè гледаат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22. За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Трајковски бил третиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 43 бода на пет натпревари (8,6 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org Поради несогласувања со селекторот Раца, во јули 2016 година, Трајковски бил исфрлен од подготовките за квалификациите за Евробаскетот 2017.Бојан Трајковски не тренира: За причините прашајте го Раца! ekipa.mk 26 јули 2016Раца: Веќе не сметам на Трајковски sportmedia.mk 26 јули 2016 Поради прекршувањето на Дисциплинскиот правилник на националните репрезентации, тој бил пријавен од селекторот на Македонија - Драган Раца и бил даден на Дисциплинската комисија на МКФ.Антиќ и Самарџиски пред ФИБА, Трајковски на „дисциплинска“ sportmedia.mk 15 август 2016Бојан Трајковски пред суспензија од МКФ! ekipa.mk 15 август 2016
Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Трајковски. Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.
Успеси
Титули Работнички Прва македонска лига (4) : 2003/04, 2004/05, 2005/06, 2008/09 Куп на Македонија (3) : 2004, 2005, 2006
Фени Индустри Прва македонска лига (1) : 2009/10 Куп на Македонија (1) : 2010
Сигал Приштина Суперлига на Косово (1) : 2014/15 Куп на Косово (1) : 2015 Балканска лига (1) : 2014/15
Карпош Соколи Куп на Македонија (1) : 2017
МЗТ Аеродром Куп на Македонија (1) : 2018
Признанија Крилен центар на сезоната 2010/11 Прва најдобра петорка на сезоната 2010/11 Најдобра домашна петорка на сезоната 2010/11 Eurobasket.com - особен придонес во сезоната 2011/12 Eurobasket.com - втора најдобра петорка на сезоната 2012/13 Eurobasket.com - крилен центар на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - домашен играч на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - прва најдобра петорка на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14 Крилен центар на сезоната 2015/16 Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16 Најдобра домашна петорка на сезоната 2015/16 Особен придонес во сезоната 2016/17 Домашен играч на сезоната 2017/18 Прва најдобра петорка на сезоната 2017/18 Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18 Најдобар кошаркар за 2018 година
Наводи
Надворешни врски
Бојан Трајковски на Eurobasket.com Бојан Трајковски на RealGM.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Македонска Каменица Категорија:Кошаркари на КК Карпош Соколи Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш Категорија:Кошаркари на КК Лирија Категорија:Кошаркари на КК Феникс 2010 Категорија:Кошаркари на КК Торус Категорија:Кошаркари на КК Балкан Стил