Дарко Глишиќ (роден на 23 септември 1991 г. во Скопје) — македонски фудбалер кој игра на позицијата лев бек во Вардар.
Животопис Дарко Глишиќ е роден во 1992 година, во Скопје. Започнал да тренира фудбал на осумгодишна возраст, во фудбалската школа на ФК Вардар од Скопје.
Во 2018 година, снимил реклама за моден бренд за машка облека.
Технички одлики Вообичаено игра на позицијата лев бек.
Клупска кариера Во 2010 година на 17 годишна возраст, Дарко Глишиќ заиграл во првиот тим на Вардар, каде настапувал само една полусезона. Потоа, тој го потпишал својот прв професионален договор со екиата на Олимпик Сараево од Босна и Херцеговина. Во 2012 година преминал во грузискиот Динамо Тбилиси каде одиграл две сезони во кои бил стандарден и одиграл преку 50 натпревари. Со Динамо исто така дошол до својте први трофеи во кариерата, освојувајќи ги по двапати грузиското првенство и грузискиот куп (во сезоните 2012-2013 и 2013-2014). Во летото 2014 година, Глишиќ се вратил во Вардар.Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 6-7. Со Вардар го освоил македонското првенство трипати по ред во периодот 2014-2017.
На 14 октомври 2018, потпишал за бугарската екипа Септември Софија.
Титули Динамо Тбилиси Грузиско првенство (2) : 2012–2013, 2013-2014 Куп на Грузија (2) : 2012-2013, 2013-2014
Вардар Македонско првенство (3) : 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ПФК Берое (Стара Загора) Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Напредок (Кичево) Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Родени во 1991 година