Селска Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Воѓани. Претставува осамен наод од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во селската црква „Св. Никола“.

Опис

Во црквата се чува надгробна плоча од бел мермер, на која во горниот дел е претставена кола што ја влечат четири коњи. Под релјефот има старогрчки натпис во четири реда. Исто така, во црквата се наоѓа и ара од бел мермер која на едната страна има релјефна претстава на коњ.

Поврзано Тумба — населба од бронзено време; Манастириште — црква од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофски проучавања, Београд 1998 Воѓани; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Воѓани