Цветкоско Чукаре — археолошко наоѓалиште во прилепското село Врбјани. Претставува населба од римското време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 150 метри јужно од селото, од десната страна на патот за селото Обршани, каде има развлечена тумба.
Опис
На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и градежен материјал. Била најдена и една бронзена монета.
Поврзано Крушеанска Чука — населба од бакарно време; Попадица — населба од бакарно време; Тумба — населба од доцноантичко време; Чука — населба од римско време; Момироско Чукаре — некропола од железно време; Чукариња — тумул од железно време; Врба — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Чаир — осамен наод од непознат период; Висои — населба од праисториско и античко време; Вис коњарски — населба од неолитско време; Паралица — населба од праисториско и античко време; Тумба Сретсело — населба од праисториско време; Врбјани; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Врбјани (Прилепско)