Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ е уметничка манифестација на која секоја година творат македонски и странски сликари. Основачи на колонијата се некои од најпознатите македонски сликари, како: Петар Мазев, Глигор Чемерски, Никола Иванов-Балтон, Димитар Стојчевски и Златко Поп-Стефанов.„Уметници од земјава и странство на колонија во Св. Јоаким Осоговски“, Дневник, година XVIII, број 5559, петок, 5 септември 2014, стр. 19.

28. Ликовна колонија 2014 28. ликовна колонија се одржала во септември 2014 година, во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, под патронат на Македонската православна црква, а финансирана од Министерството за култура на Македонија. Координатор на колонијата бил Наум Михајловски, а изработените дела биле изложени во манастирската галерија во стариот конак. Учесници на колонијата биле сликарите: Алиса Јакоби од Естонија Олја Нечај од Белорусија Ѓулистан Караѓузел од Турција Демет Јалчинкаја од Турција Толга Боштопрак од Турција Елена Темелкова од Бугарија Свилен Блажев од Бугарија Јовица Дејановиќ од Србија Димитар Стојчевски од Македонија Гоце Божурски од Македонија Стефан Хаџиниколов од Македонија Мирослава Цветковиќ од Македонија Александар Симоновиќ од Македонија Лазо Ѓоргиевски од Македонија

Наводи

Категорија:Ликовни колонии во Македонија Категорија:Уметнички манифестации во Македонија