Светското првенство во кошарка 2014 се одржало во Шпанија.

Групна фаза

Елиминации на 10 септември 2014 година, репрезентацијата на домаќинот Шпанија, која пред почетокот на првенството важела за фаворит за влез во финалето, во четврт-финалето неочекувано изгубила од репрезентацијата на Франција, со резултат 52-65. Во четвртфиналниот натпревар, Србија убедливо го победила Бразил со резултат 84:56.„Франција ја елиминира Шпанија, во полуфиналето игра со Србија“, Дневник, година XVIII, број 5564, петок, 12 септември 2014, стр. 22. Два дена подоцна, на 12 септември, во полуфиналето, Франција се сретнала со репрезентацијата на Србија, при што изгубила, со резултат 85-90 (15:21, 17:25, 14:15, 39:29).„Кошарка за паметење: Србија закажа финале од соништата со САД!“ (проверена на 14.9.2014)

На 13 септември се одиграл натпреварот за третото место, во кој Франција ја победила Литванија со 95:93 (22:19, 21:23, 21:29, 31:22) и го освоила бронзениот медал.„Бронзениот медал за Франција на Светското првенство во кошарка“ (проверена на 14.9.2014)

Финалниот натпревар на светското првенство се одржал на 14 септември во Мадрид и во него, репрезентацијата на САД убедливо ја победила Србија, со резултат 129-92. Притоа, Србија била рамноправна само на почетокот од натпреварот, кога имала водство од 15-7, но репрезентацијата на САД направила серија од 15-0 и потоа, само го зголемувала водството. Кајри Ирвинг бил најефикасен кошаркар на мечот, со постигнати 26 бода, од кои, шест тројки од исто толку обиди, додека големата ѕвезда на американската кошарка, Џејмс Харден го завршил натпреварот со постигнати 23 кошеви. Најефикасни во српската репрезентација биле Немања Бјелица и Никола Калиниќ, кои постигнале по 18 бода.

Наводи

2014 Категорија:Кошарката во Шпанија