Валкири (англиски: Valkyrie) е американски филм, во режија на Брајан Сингер, а со Том Круз и Кенет Брана во главните улоги.
Содржина Во филмот се зборува за полковникот Клаус фон Штафенберг, главниот организатор на планот за убиство на Хитлер, под тајното име „Проектот Валкири“. Штафенберг бил успешен војник и верен на Рајхот, но штом ги загубил окото, раката и три прсти, дошло до пресвртница во неговите сфаќања. Тој го сфатил лудилото на нацистичкиот режим и затоа му се приклучил на движењето на отпорот, ковајќи план да ја промени историјата, така што ќе убие Хитлер и ќе ја урне нацистичката власт, притоа изложувајќи се на опасност како себеси, така и своето семејство.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Том Круз Категорија:Филмови со Кенет Брана Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2008 година