.nr — семрежен највисок државен домен за Науру. .nr домените мора да се платат, и истите можат да се добијат од CenpacNet, семрежмиот нудач на услуги во Науру.
Поставувањето на .nr беше направено од страна на Франк Мартин во 2002 година со употреба на специфичен код.
Оригиналната конфигурација на .nr доменот била извршена од страна на Шон Моран од ComTech Communications (Австралија) во 1998 година како дел од првото семрежно поврзување на островот. Подоцна претстоел долг процес на одобрување и зпишување на доменот .nr од страна на IANA.
Второстепени домени
Ова се секундарните домени под кои можат да се направат и третостепени регистрации во регистарот:
edu.nr (ограничен) gov.nr (ограничен) biz.nr (неограничен) info.nr (неограничен) net.nr (неограничен) org.nr (неограничен) com.nr (неограничен)
Забелешка: "co.nr" не е во официјалната хиерархија, станува збор за домен (www.co.nr) кој го поседува претпријатие кое нуди слободни услуги на поддоменски пренасочувања.
Надворешни врски Delegation Record for .NR Internet Assigned Numbers Authority (IANA)
Категорија:Највисоки државни домени Категорија:Науру