Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Годивле. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и претставува наоѓалиште од типот на некропола.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа недалеку од селската црква „Св. Атанасиј“, во месноста викана Чука.
Опис
Во 1951-1957 година, македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на ова наоѓалиште лежат гробови во насока исток-запад. Во минатото месните жители при ископување на гробовите околу скелетите пронаоѓале и камени плочи во вид на преклопи.
Поврзано Црква Св. Атанас — осамен наод од римско време; Во Селото — неопределено наоѓалиште од непознат период; Годивле; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Годивле