Деца на сонцето — македонски филм од 2014 година, во режија на Антонио Митриќески. Во главните улоги настапуваат: Ивана Павлаковиќ, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова, Данчо Чевревски итн. Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски.

Македонската премиера на филмот била одржана на 18 септември 2014 година во Битола, на последната вечер на Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Светската премиера на филмот се одржала на 25 септември 2014 година, на меѓународниот фестивал „Реинденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреварувал во службената конкуренција.„Македонска премиера на „Деца на сонцето“ на „Манаки“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 23. Во декември 2014 година, филмот бил прикажан на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.„Деца на сонцето на „Фест“ во Белград“, Дневник, година XVIII, број 5638, среда, 10 декември 2014, стр. 20.

Улоги Глумец Улога Мето Јовановски Крал Милица Стојанова Лена Владо Јовановски Кале Ивана Павлаковиќ Ангела Билјана Танески Мира Данчо Чевревски Сони Кире Ѓоревски Марко Камка Тоциновски Жирафа Александар Микиќ Цуцла Емир Хаџихафизбеговиќ Фурда Мартин Мирчевски Дупли Ацо Дуковски Чуварот

Содржина Приказна за семејството и верноста, љубовта и загубата, предавството и покајанието. Додека мафијата уништува едно големо семејство кое се соочува со тежок живот, љубовта цвета меѓу Марк (гангстер) и Ангела, кои се заљубени уште од училишните денови. Сепак, иако судбината конечно се насмевнува и семејството го наоѓа одамна изгубеното богатство, Ангела го издава семејството во име на љубовта и го краде богатството, за да го спаси Марко од мафијата. Секој го добива она што го заслужува, а љубовта има несреќен крај.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Филмови на Антонио Митриќески Категорија:Филмови со Мето Јовановски Категорија:Филмови со Владо Јовановски Категорија:Филмови со Александар Микиќ Категорија:Филмови со Камка Тоциновски Категорија:Филмови со Билјана Танески Категорија:Филмови со Ивана Павлаковиќ Категорија:Филмови со Милица Стојанова Категорија:Македонски дела од 2014 година Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија