.tf — највисок државен домен за Француските Јужни и Антарктички Земји. Истовремено со .fr и .re, раководено е од AFNIC. Пред 23 октомври 2004 година, Adamsnames, сместен во Кембриџ, го раководеле овој домен.
Постои и дополнителен сервис кој нуди бесплатни услуги на трето ниво на доменот .tf, под името United Names Organisation. Тие работат со 14 sвторостепени домени како, .eu.tf, .us.tf, .net.tf, и .edu.tf. Тие се подружница на претпријатието smartdots.com, и се даваат како пренасочување на адресите.
Француските Јужни и Антарктички Земји се територии на Франција, и името на доменот потекнува од францускиот јазик, Terres australes et antarctiques françaises. Дел од овие територии се на дел од континентот Антарктик, со што се создава преклопување на доменот .tf со оној на Антарктикот .aq.
Доменот .tf се користи и од мрежните странии поврзани со играта Team Fortress 2.
Надворешни врски IANA .tf whois information AFNIC .tf official information website
Категорија:Највисоки државни домени Категорија:Семрежјето во Франција Категорија:Француски Јужни и Антарктички Земји