По стапки од младост (раскази од младежта) е збирка раскази од македонскиот писател Илија Сланштанец.
Технички одлики Книгата е објавена во Скопје, во 1959 година, а самиот автор бил нејзин издавач. Книгата има 67 страници и била испечатена во тираж од 2 000 примероци. Корицата на книгата е дело на Благоја Поповски, а коректор бил Владо Коруновски.
Содржина Покрај предговорот, напишан од учителот Ристе Наумовски, збирката содржи пет раскази: Борба за живот (завршен во септември 1955 година), Порака во името на човекот (завршен на 30 ноември 1956 година), На туѓа земја како на своја(завршен во декември 1958 година), Горица (завршен на 9 септември 1948 година),, Доследност од младеж (завршен на 6 април 1959 година).Илија Сланштанец, По стапки од младост, Скопје, 1959.
Наводи
Категорија:Дела на Илија Сланштанец