Клап клапа капа е книга со брзозборки од Рајко Јовчески, објавена во 1992 година.
Книгата е издадена од „Детска радост“ од Скопје, во рамки на библиотеката „Брзозборки“. Илустрациите во книгата се дело на Љубомир Филипов; ликовно-извршен уредник бил Димче Исаиловски; а лектурата и коректурата ги извршила Оливера Марковиќ. Книгата има 68 страници и е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека Климент Охридски - Скопје, а ја носи меѓународната ознака ISBN 7845-024-X. Книгата, со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“.Рајко Јовчески, Клап клапа капа, Детска радост, Скопје, 1992.
Наводи
Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 1992 година Категорија:Македонски дела од 1992 година Категорија:Појавено во 1992 година во Македонија Категорија:Дела на Рајко Јовчески Категорија:Изданија на Детска радост