Влатко Лозаноски - Лозано (р. во Кичево) — македонски пејач. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.
Кариера Негов прв јавен настап беше како натпреварувач на македонското музичко шоу „Мак Ѕвезди“ со песни од Тоше Проески во септември 2007 година, но за жал не успеа да се пласира во финалето. Еден месец подоцна, тој доби гран при за дебитант на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, штипскиот фестивал во Македонија. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуни истата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот Slavianski Bazar во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I'm your angel настапи на фестивалот Golden Wings во Молдавија, каде го освоија второто место. Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.
Евровизија 2013 Во декември 2012, Македонската радио-телевизија најави дека Лозано, заедно со Есма Реџепова ќе ја претставуваат Македонија на изборот во Малме со песната Пред да се раздени. Не успеаја да се пласираат во финале, го освоија 16-тото место од вкупно 17.
Дискографија Албуми Лозано 2010 Преку седум мориња 2012 Десет 2018
Спотови Спот Година Режисер Обичен без тебе 2008 Сонце не ме грее 2009 Како ден јасно е 2010 Владимир Митревски-Ѓуле Кога мене ќе ме немаш 2011 Juliany - REC Production Нема ден, нема ноќ 2012 Даниел Јовески Империја 2013 If I Could Change The World 2013 Мандарина 2014 Gorilla Films/Огнен Шапковски Како тебе нема друга 2015 Gorilla Films/ Горан Костадинов Жена како ти 2016 Горан Костадинов Бомбона 2016 Gorilla Films Ова лето ќе се памти 2017 Vesta Production Километри 2018 Vesta Production Јако јако 2018 Даниел Јовески Надеж 2018 Бојан ТасетовиќМајко 2019 Даниел ЈовескиНе те вадам од памет 2019 Даниел ЈовескиВардаре 2021 Даниел ЈовескиПосле полноќ 2022 Даниел ЈовескиМе нервираш 2022 Даниел ЈовескиМаскенбал 2024 Даниел ЈовескиБариера 2024 Даниел ЈовескиЖолто црвено 2024 Даниел ЈовескиКупи ме 2026 Гордан Божиновски Среќен пат 2026 Гордан Божиновски Минус и плус 2026 steadyflow
Настани и награди Радиски Фестивал Ѕвездена ноќ, Охрид, Македонија (2008) - Гранд при награда Макфест, Штип, Македонија - Гранд при награда Скопје фест (2009) - 4-то место Pjesma Mediterana, Будва, Црна Гора (2009) Slavianski Bazar, Витебск, Белорусија (2009) - 2-ро место Golden Wings, Кишињев, Молдавија (2009) - 2-ро место Скопје фест (2010) - 4-то место Sea Songs festival, Севастопол, Украина (2010) - 4-то место
Поврзано Македонска музика
Надворешни врски
Официјална страница на Лозано Клуб на обожаватели на Лозано Дискографија на Лозано евидентирана од ВБУ Музички Регистар.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Луѓе од Кичево Категорија:Учесници на Евровизија