Спиково — село во Општина Пехчево, во подрачјето на Малешевијата. Се наоѓа на 6-7 км југоисточно од гратчето Пехчево во подножјето на истоимениот врв Спиково и на 10-тина километри од границата со Бугарија. Селото е напуштено околу 1967 година.Негрево изумре, Спиково сака да воскресне, Дневник, 17.09.2007 Од 2001 г. во него се одржува традиционалниот собир, наречен „Спикијада“.Община ПехчевоMalesh.mk

Селото било отпишано половина век, но од 2014 г. е повторно заживено и во него се вратило постојано население.Седум села се изборија за свое „граѓанство“ , Глобус

Историја Во XIX Спиково било мал чифлик (единствен во Пехчевско заедно со Чифлик) во Пехчевската Каза со околу 40 куќи.Гоцев, Славе. Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912, Издателство на Отечествения фронт София, 1988, стр. 11. Во 1894-1896 г. имало 20 куќи, христијани.Кънчов, Васил. Избрани произведения. Том I. Издателство “Наука и изкуство”, София 1970, стр. 351. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спиково имало 136 жители, сите Македонци христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 228.

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спиково (Spikovo) живееле 80 жители, сите Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pр. 140-141.

Селото е напуштено околу 1967 г.Негрево изумре, Спиково сака да воскресне, Дневник, 17 септември 2007 но веќе во XXI век почнало да добива повратни жители и веќе во 2014 г. повторно станало постојано населено место.

Културно-историска оставнина Цркви Црква „Св. Илија“ — црква чиј камен-темелник бил осветен на 2 август 2014 г.;

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Манастир — црква од старохристијанско време;

Личности Никола Спиковчето — деец на ВМРОМихайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 715.

Поврзано Малешево Сипковски водопади

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Општина Пехчево Категорија:Пехчевски села Категорија:Села во Македонија

Категорија:Населени места основани во 2014 година