200px|мини Проект „Математичко родословие“ (, MGP) — семрежна база на податоци за академското родословие (генеалогија) на математичарите... Во септември 2010 г., проектот содржел информации за преку 160.000 математичари кои учествуваат дејствуваат на „истражно ниво“. Записите обично содржат година на дипломирање, алма матер, докторски ментор и докторски аспиранти.„Проект Математичко родословие“
Цели Опишувајќи ја своитеа цели, проектот се изјаснува: „Кога ги употребуваме зборовите „математика“ или „математичар“ ширум овој проект, нив ги подразбираме во мошне широка смисла. Затоа, кај нас се добредојдени сите релевантни податоци од полето на статистиката, информатиката и оперативното истражување.“Изјава за целите, Проект „Математичко родословие“
Делокруг Родословните информации на проектот се добиваат од извори како Dissertation Abstracts International („Меѓународни извадоци од дисертации“) и Notices of the American Mathematical Society („Билтен на Американското математичко друштво“), но може да дојдат од било кој учесник на проектниот портал.Од каде ви се податоците? — ЧПП на проектот „Математичко родословие“ Во базата може да се пребаруваат имињата на математичарите, универзитетите кајшто студирале, годината на доделување на академскиот чин, наслов на дисертацијата, имињата на менторите и вторите ментори, земјата на доделување на чинот (со знаменце), список на докторски аспиранти и бројот на академски потомци. Наведени се и некои историски значајни личности што немале докторат, како што е Жозеф-Луј Лагранж.Жозеф Лагранж, „Ја покажуваме врската со Ојлер за да укажеме на поврзаноста во нашата интелектуално наследство“. (hbc), Проект „Математичко родословие“
Поврзано Историја на математиката
Наводи
Надворешни врски
Проект „Математичко родословие“
Категорија:Математички мрежни места Категорија:Научни бази на податоци Категорија:Математичари Категорија:Историја на математиката