мини|Природна ха-молска сакала нагоре и надолу. мини|Хармонска ха-молска скала нагоре и надолу. мини|Мелодиска ха-молска скала нагоре и надолу.
Ха-мол (, , ) — молска скала која се состои од тоновите ха (H), цис (C), де (D), е (E), фис (F), ге (G) и а (A). Нејзиниот клучен предзнак се состои од две повишувалки. Хармонискиот мол ја повишува нотата A на A. Измените за мелодиската и хармониската варијанта на скалата се бележат со случајни предзнаци.
Нејзиниот релативен дур е де-дур, а паралелен дур е ха-дур.
Германскиот поет Кристијан Шубарт (1739–1791) сметал дека ха-молот оддава впечаток на премолчено помирување со судбината и мошне кроток приговор, што се поклопува со неговата употреба во „Житието на Свети Јован“ на Јохан Себастијан Бах.Tusa, pp. 2–3, n. 5 Во времето на Бетовен, ха-молот се восприемал мошне поинаку: италијанскиот музички теоретичар Франческо Галеаци напишал дека ха-мол не е погодна за музика во добар вкус, додека пак Бетовен ха-молот го нарекува „црна скала“.Tusa, p. 2, n. 3
Позначајни дела во ха-мол Барток — Виолински концерт бр. 2 Ј.С. Бах — Миса во ха-мол Бородин — Симфонија бр.2 Ботезини — Концерт за контрабас, бр. 2 во ха-мол Брамс — Кларинетски квинтет Вивалди — Концерт за 4 виолини и виолончело, RV 580 (Концерт бр. 10 од „Хармонско вдахновение“) Григ — „Во пештерата на планинскиот цар“ Дворжак — Концерт за виолончело во ха-мол Лист — Пијаносоната во ха-мол Менделсон — „Хебриди“ (увертира „Пештерата на Фингал“) Моцарт — адаџо од Квартет за флејта бр. 1, K. 285 Моцарт – Адаџо во ха-мол, K. 540 Паганини — Виолински концерт бр. 2 („Ѕвонче“) Пучини — E lucevan le stelle'' („И ѕвездите светеа“) од операта „Тоска“ Сен-Санс — Виолински концерт бр. 3 Скрјабин — Полонеза во ха-мол, оп. 21 Хумел — Пијаноконцерт бр. 3, оп. 89 Чајковски — Симфонија бр. 6 („Патетична“), оп. 74 Шопен — Скерцо бр. 1, оп. 20 Шопен — Етида во ха-мол, оп. 25, бр. 10 Шопен — Пијаносоната бр. 3, оп. 58 Шопен — Валц во ха-мол, оп. 69, бр. 2 Шуберт — Симфонија бр. 8 („Незавршена“), D. 759
Наводи Белешки
Извори
Категорија:Тоналитети Категорија:Молски скали