Трајко Стојковски - Бузо (Куманово, 10 јануари 1923 - Скопје, 14 октомври 2005) — македонски комунист, учесник во НОВ, офицер на ЈНА и општественик. Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 ноември 1951 година. Носител е и на Партизанска споменица 1941.

Животопис Трајко Стојковски е роден во Куманово. Како член на СКОЈ (од 1941), активно учествувал во подготовките на НОВ во Куманово, а во јуни 1943 година станал борец на Кумановскиот партизански одред. Посебно се истакнал како пушкомитралезец во борбата на Дренак против четничките сили во декември 1943 година. При формирањето на Третата македонска бригада бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) бригада. Учествувал во борбите за „Црно Око“, каде неговата чета требало да пробие пат за бригадата.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 341 Има значаен придонес во ослободувањето на Скопје, односно по негова заслуга Германците биле спречени да ги урнат мостовите на Вардар.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1436 стр.

По војната По завршувањето на војната, завршил Воена школа при Врховниот штаб. До 1951 година бил на разни должности во ЈНА, а потоа премина на работа во Државниот секретаријат за внатрешни работи. Пензиониран е во 1959 година.

Наводи

Надворешни врски „На јуриш, до слободно Скопје“ , „Дневник“ „Спасувањето на браната Матка - главна цел“ , „Вечер“

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Починати во Скопје Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија