Трка околу Пекинг 2014 — четврто и последно издание на велосипедската етапна трка Трка околу Пекинг. Започнала на 10 октомври и завршила на 14 октомври 2014 година по пет одржани етапи. Била 29. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.

На Светското друмско првенство во септември, управното тело во велосипедизмот, Меѓународниот велосипедистички сојуз (УЦИ), одлучил дека нејзината подружница за организирање на трки, Глобал Сајклинг Промошн, нема да продолжи да ја организира Трката околу Пекинг; изданието во 2014 година ќе биде нејзино последно издание. Претседателот на УЦИ Брајан Куксон ја критикувал подружницата во текот на неговата изборна кампања и Трката околу Пекинг не била омилена од велосипедистите. Според Cycling Weekly, „здодевните етапи и отсуството на гледачи покрај патот значеле дека трката потфрлила во подгревањето на атмосферата и нејзината положба на крајот на календарот ја направиле уште помалку интересна — долг лет кон исток по цела сезона тркање е многу тешко да им се објасни на истоштените велосипедисти кои сонуваат за зимски одмор“.

Некои проблеми се појавиле пред и во текот на трката. На 10 септември било објавено дека Валентин Иглински од имал позитивен тест на ЕПО http://www.uci.ch/mm/Document/News/CleanSport/16/67/88/20141009ADRVProvisionalSuspensionEN_English.pdf на Енеко Тур. Го признал допингот на екипата и веднаш бил отпуштен, три недели подоцна братот на Валентин, Максим Иглински бил првично суспендиран од УЦИ за позитивниот тест на ЕПО на 1 август. Подоцна било објавено дека Астана сама се повлекува од Трката околу Пекинг поради правилата на здружението за велосипедизам, кои велат дека екипа со двајца позитивни велосипедисти во краток период не треба да присуствува на следната трка од Светската турнеја. Исто така, постоела шанса двајца победници на големите трки — Алберто Контадор и Алехандро Валверде да присуствуваат на трката — каде Контадор би одел на победа за да го надмине сонародникот Валверде во водството на поединечниот пласман во Светската турнеја. Меѓутоа, успехот на Валверде и повредата на Контадор на Џиро ди Ломбардија, претходната трка во календарот, значеле дека ни едниот ни другиот нема да присуствуваат на Трката околу Пекинг. Во текот на трката, Пекинг бил погоден од особено силно загадување, и по поплаките од велосипедистите, втората етапа била скратена.

Трката била освоена од Белгиецот Филип Жилбер, кој го преземал водството по победата на втората етапа, со разлика од само три секунди пред второпласираниот Даниел Мартин.

Распоред

ЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВидПобедник 1 10 октомври Чунгли до Џангѓакоу 167 км 20п рамна етапа 2 11 октомври Чунгли до Јанќинг 111 км 22п рамна етапа 3 12 октомври Јанќинг до Ќенѓандијан 176 км 22п среднопланинска етапа 4 13 октомври Јанќинг до Ментоугоу 157 км 22п планинска етапа 5 14 октомври Тјананмен до Птичјо Гнездо 117 км 20п рамна етапа

Екипи

Бидејќи Трката околу Пекинг е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Поради самосуспензијата на Астана (види погоре), само седумнаесет екипи настапиле. Со отсуството на Астана, распуштањето на Вакансолел-ДКМ на крајот на претходната сезона и недоделувањето на специјална покана, ова било голема намалување од 20 екипи на Трката околу Пекинг 2013.

Седумнаесет екипи кои настапиле на трката биле:

Етапи Етапа 1 10 октомври 2014 — Чунгли до Џангѓакоу, 167 км

Резултат од етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 20п 20п 2 20п + 4" 3 + 5" 4 + 6" 5 + 6" 6 20п + 8" 7 + 9" 8 + 10" 9 + 10" 10 + 10"

Етапа 2 11 октомври 2014 — Чунгли до Јанќинг, 111 км

Резултат од етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 20п 20п 2 + 5" 3 + 7" 4 20п + 11" 5 + 11" 6 + 11" 7 + 11" 8 + 11" 9 + 11" 10 + 11"

Етапа 3 12 октомври 2014 — Јанќинг до Ќенѓандијан, 176 км

Резултат од етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 20п 2 + 5" 3 + 7" 4 + 9" 5 + 10" 6 + 11" 7 + 11" 8 + 11" 9 + 11" 10 + 11"

Етапа 4 13 октомври 2014 — Јанќинг до Ментоугоу, 157 км

Резултат од етапа 4 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 2" 3 20п + 2" 4 + 2" 5 + 10" 6 + 10" 7 + 10" 8 + 10" 9 + 10" 10 + 13"Генерален пласман по етапа 4 ВозачЕкипаВреме 1 20п 2 + 3" 3 20п + 9" 4 + 11" 5 + 23" 6 + 23" 7 + 23" 8 + 23" 9 + 23" 10 + 26"

Етапа 5 14 октомври 2014 — Тјананмен до Птичјо Гнездо, 117 км

Резултат од етапа 5 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 20п и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 5 ВозачЕкипаВреме 1 20п 2 + 3" 3 20п + 9" 4 + 11" 5 + 23" 6 + 23" 7 + 23" 8 + 23" 9 + 23" 10 + 26"

Поредок

Етапа ПобедникГенерален пласман25пБодовен пласман25пПланински пласман25пПласман за млад возач25пЕкипен пласман 1 Лука Мезгец Лука Мезгец Лука Мезгец Тош ван дер Санде Кејлеб Јуан 2 Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Хесус Ерада 3 Тајлер Фарар Тајлер Фарар Михал Голаш Морено Хофланд 4 Даниел Мартин Лука Мезгец Естебан Чавес 5 Сака Модоло Тајлер Фарар На крај Филип Жилбер Тајлер Фарар Михал ГолашЕстебан Чавес

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Светска турнеја на UCI 2014 Категорија:Трка околу Пекинг Категорија:Кина во 2014 година