Џиро ди Ломбардија 2011 — 105. издание на еднодневната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, често наречена како Трка на паѓачките лисја. Била одржана на 15 октомври 2011 година на растојание од 241 километар, започнувајќи во Милано и завршувајќи во Леко по првпат. Претставувала 26. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.

Возачот на Оливер Цауг ја освоил трката, напаѓајќи на последното искачување Салита ди Ело и се одржал до крајот, освојувајќи ја трката по првпат во неговата професионална кариера. Преостанатите места на подиумот биле одредени — осум секунди зад Цауг — во спринт помеѓу петорица, кога возачот на Даниел Мартин го победил Хоаким Родригес од за второто место. Двократниот победник и бранителот на титулата и предводник во Светската турнеја Филип Жилбер завршил на осмото место, 16 секунди зад Цауг.

Екипи

Бидејќи трката е дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Биле доделени седум специјални покани — , , , , , и — со што се создала група од 25 екипи.

Резултати

ВелосипедистЕкипаВремеБодови заСветската турнеја 1 6ч 20' 02" 100 2 + 8" 80 3 + 8" 70 4 + 8" 60 5 + 8" 50 6 + 8" – 7 + 16" – 8 + 16" 20 9 + 16" – 10 + 16" –

Наводи

Категорија:Светска турнеја на UCI 2011 Категорија:Џиро ди Ломбардија Категорија:Италија во 2011 година