Андизол — почва образувана од вулканска пепел со значајна количина на стакло и аморфни колоидни материјали како што се алофанот, имоголитот и ферихидритот. Според класификацијата на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), оваа почва се нарекува андозол

Бидејќи ваквата почва е прилично млада, таа е многу плодна онаму каде фосфорот лесно се врзува (што е чест случај во тропскиот појас). Добро се носи со интензивно исползување на земјоделски култури, како што се гледа по оризовите насади на Јава, кои прехрануваат еден од најгусто населените предели на светот. Други андизоли се погодни за одгледување на овошје, пченка, чај, кафе и тутун. Во крајбрежните северозападни краишта на САД, на нив успеваат мошне бујни шуми.

Андизолите заземаат околу 1% од копнената површина на светотсе смета само незамрзнатата почва. Највеќе се среќава околу Тихоокеанскиот Огнен Прстен, особено во средно Чиле, Еквадор, Колумбија, Мексико, Тихоокеанскиот Северозапад на САД, Јапонија, Јава и Северниот Остров на Нов Зеланд. Во помала мера го има и во Големата Раседна Долина во Кенија, во Италија, на Исланд и на Хаваите.

Фосилниот андизол е најден на места далеку од денешните активни вулкански подрачја и е со голема старост. Во некои случаи почвата е создадена дури во преткамбриумот, пред 1,5 милијарди години.

Подредови акванд — андизол со подземни води на или близу површината поголем дел од годината. витранд — релативно млад и крупен андизол во кој најзастапено е стаклото. геланд — андизол во многу студени предели (со средна годишна температура под 0 °C). кријанд — андизол во студените краишта. ксеранд — андизол во предели со многу суви лета и влажникави зими. торанд — андизол во многу суви предели. уданд — андизол влажни предели. устанд — андизол во полусуви (степски) предели.

Поврзано Педогенеза Педологија Класификација на почвите

Наводи

Категорија:Педологија Категорија:Почви