Пинеберг () — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од северозапад надесно) окрузите Штајнбург и Зегеберг, градот и покраина Хамбург и покраината Долна Саксонија (округ Штаде).
Историја
Округот е приближно ист по територија на поранешното грофовија Холштајн-Пинеберг. Бил основан од пруската администрација во 1867 година. Оттогаш, постои постојано намалување на територијата кон соседните градови Алтона (подоцна и самиот дел од Хамбург), Хамбург и Нордерштет. Островот Хелголанд, порано и самиот округ, се приклучил на округот во 1932 година.
Географија
Округот е сместен на северниот брег на реката Елба. Додека Пинеберг е најмалиот округ во рамките на Шлезвиг-Холштајн, истовремено е и најнаселен. Поради растечката метрополитенска област на Хамбург, населението постојано бележи раст. Во округот се наоѓаат поголемиот дел од северозападните предградија на Хамбург. Иако главниот дел на округот Пинеберг, нема излез на море, островот Хелголанд се наоѓа на отворено море.
Грб
120п|Грб на округот ПинебергГрбот прикажува борово дрво во рамките на бел лист од коприва. Листот доаѓа од грбот на грофовијата Холштајн-Шауенбург. Дрвото го прикажува шумарството во округот.
Градови и општини
Слободни градовиСлободни општини Бармштет Елмсхорн Пинеберг Квикборн Шенефелд Торнеш Итерзен Ведел Бенингштет Халстенбек Хасло Хелголанд Релинген Општински заедници1. Елмсхорн-Ланд[седиште: Елмсхорн] Клајн Норденде Клајн Офензет-Шпарисхоп Келн-Рајзик Ра-Безенбек Зестер Зестермие Зет-Екхолт 2. Хазелдорф[седиште: Итерзен] Хазелау Хазелдорф Хетлинген 3. Хернеркирхен[седиште: Бармштет] Бокел Бранде-Хернеркирхен Остерхорн Вестерхорн4. Морреге Апен Грос Норденде Хајдграбен Хајст Холм Морреге1 Нојендајх 5. Пинау[седиште: Релинген] Борстел-Хоенраден Елербек Кумерфелд Присдорф Тангштет6. Ранцау[седиште: Бармштет] Беверн Билзен Бокхолт-Ханредер Буленкулен Елерхоп Грос Офензет-Асперн Хеде Хемдинген Лангелн Луцхорн1седиште на општинската заедница
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница