Томислав Маниќ (, Србија, ) — македонски музичар, доајен на македонската забавна музика. Најпознат е по евергрините „Кажи зошто ме остави“ и „Црвени рози“.„Кажи зошто ме остави“ и „Црвени рози“ ми ја обележаа кариерата
Животопис Маниќ е роден во 1932 година во Пирот, Јужна Србија и како 18-годишник пристигнал во Скопје, во 1951 година со цел да студира историја. Неговиот талент за музика, но и за глума бил забележан уште во ученичките денови во родниот град, па продолжил да пее и како студент. Првата песна што ја снимил за Радио Скопје во 1956 година е „Индијана“ на Драган Ѓаконовски - Шпато. Има богата дискографија со снимени 524 песни, со што се вбројува меѓу најпродуктивните наши пејачи. Во последно време е ангажиран и со пишувањето книга за својот богат живот, која, како што ни открива, ќе се вика „Живот посветен на музиката“
Наводи
Надворешни врски Спомени и песни за стариот кавалер Пет децении цветови од музичката градина на џентлменот Црвени рози на YouTube; Еден Бакнеж на YouTube;
Категорија:Луѓе од Пирот Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски Срби