Релинген () — општина во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Општината се состои од местата Релинген-Ост, Крупундер и Егенбител. Се наоѓа околу 7 километри источно од Пинеберг и 10 километри северозападно од Хамбург.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Пинау, иако самата општина не е член на заедницата.
Географија
Релинген се наоѓа на Миленау, непловна притока на Пинау.
Сообраќај
Релинген е близу сојузниот автопат Б23. Хамбуршката С-Железница (линија 3) и автобускиот систем (линиите 185, 195, 295 и 295) го поврзуваат Релинген со Хамбург.
Архитектура
Релинген е познат по својата лутеранска црква. Архитект бил Кај Дозе. Претходната црковна градба била тешко оштетена во текот на Триесетгодишната војна. Била повторно изградена во периодот 1754-1756, кога била и проширена. Црквата има осумаголен облик и поседува камбанарија.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Пинеберг (округ)