Снежана Османли (моминско Станковиќ, , - , ) — една од најзначајните политички фигури на Македонија. Била долгогодишен шеф на кабинетот на претседателот Киро Глигоров. Таа била и една од основачите на осигурителното претпријатие Еуролинк. Нејзин сопруг бил Томислав Османли, македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист.

Животопис Османли е родена е на 6 март 1954 година во Битола во семејството на Александар Станковиќ, еден од првите македонски повоени новинари и поети. Дипломирала макроекономија на Економскиot факултет во Скопје, за само три години, исто како што го завршила средното образование за три години во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, со што станала најмладиот дипломец во вкупната историја на Факултетот, кое и обезбедило и вработување на дваесетгодишна возраст. Таа била избрана за секретар на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија (РК ССММ). Била пратеник во Собранието на СРМ, во Општествено-политичкиот собор. Била именувана за шеф на кабинетот на Секретарот, потоа и на претседателот на ЦК СКМ, М-р Јаков Лазароски, потоа и за шеф на кабинетот на претеседателот на ЦК СКМ-ПДП, Петар Гошев. Магистрирала на студиите по меѓународна политика со тезата „Политичките партии во Грција“, која нешто потоа и ја објавила (во издание на „Студентски збор“, Скопје, 1984). Почнувајќи од 1991 година, таа била именувана за советник на претседателот на Македонија, Киро Глигоров, одговорна била за јавните комуникации на претседателот, позиција на која останала сè до 1997 година. Во неколку наврати, таа била посебен пратеник на претседателот во работни и протоколарни надворешно-политички мисии. Во 1997 година, таа била избрана за директорка на Националното биро за зелена карта во кое исто така развива динамична национална и меѓинародна дејност. Поради посветена мултилатерална активност, двапати по ред била избирана во Постојаниот работен комитет на европското Биро на системот на меѓународно осигурување Зелена карта во кое членувале 48 земји од Европа и поширокиот сообраќаен ареал. Со тоа искуство во осигурителната дејност, во 2002 година, Османли ја прифатила понудата на вложувачот, и била именувана за основач, потоа и за прв извршен директор на осигурителната куќа „Еуролинк”, но не ги прекинала врските со високата политика. Странските дипломати деташирани во Македонија, со неа одржувале давање совети. Таа била избрана за член на Советот за странски односи во Вашингтон, а во Скопје го основала и била потпретседател на Советот за надворешни односи (СНО) како граѓанско здружение кое развила завидна активност како надворешно-политичка think-tank група со бројни гостувања на стручњаци од различни дипломатски, научни и политичко-аналитички домени. Во 2004 година, поради сериозен здравствен проблем, таа се повлекла од извршната фунција во осигурителната куќа и работела како раковидител во финансиската групација „Гофи“. Од тогаш, таа станала активен економски и политички советник на Трифун Костовски. Таа била стожерна личност на изборните штабови и близок соработник на претседателот Киро Глигоров од 1990-1997, како и на пратеникот, потоа и градоначалник Трифун Костовски, како во парламентарните избори 1997, така и на локалните избори за градоначалник на Град Скопје во 2005 година и со огромното политичко искуство и организациски талент, во голем дел придонел и кон неговите изборни победи. По десетгодишна, на пати тешка битка со неизлечлива болест, таа починала на 5 ноември 2013 година во Скопје. На 3 ноември 2014 година, била промовирана монографијата „Снежана Османли - жената која можеше да гледа и зад ридот“ која ја приредил Атанас Кировски, а ја издала ИП „Култура“ од Скопје. Книгата посветена на политичките и деловни придонеси на Снежана Осмнали содржи исклучителни искази, лични и политички сеќавања и изрази на почит на истакнати личности од домашната политика, меѓународната дипломатија, деловниот свет и журнализмот, а била објавена по повод годишнината од нејзината смрт.Промоција на „Снежана Османли - жената која можеше да гледа и зад ридот“

Наводи 1. Промоција на монографијата „Снежана Османли – Жената која можеше да гледа и зад ридот“http://inpress.com.mk/?p=10437

Категорија:Политичари од Битола Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски пратеници Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје