Царицата од Сава (или Саба) (хебрејски: מַלְכַּת־שְׁבָא; арапски: ملكة سبأ) е кралица која се појавува во Библијата, во посета на царот Соломон за да ја тестира неговата мудрост.
Последователни традиции ја именувале како Никаула (од Јосиф), Билкис (во исламот), или Македа (во Етиопија). Приказната за нејзината посета на Соломон била подложена на еврејски, арапски и етиопски елаборации и стана предмет на едни од најраспространетите и плодни циклуси на легендите во Ориентот.
Речиси сите современи научници се согласуваат дека Шева беше Јужното Арапско царството Саба, центрирано околу оазата на Мариб, во денешен Јемен. Шева беше доста познат во класичниот свет, а државата беше наречена Арабија Феликс.
Асирските натписи постојано ги споменувале Арапските кралици на север. Исто така, сабејските племиња знаеле за титулата mqtwyt (висок функционер). Македа, личното име на кралицата во Етиопската легенда, може да се толкува како популарно рендерирање на титулата mqtwyt.
Во средновековната уметност
Во христијанската теологија унијата помеѓу Бога и жена беше врз основа на Песната на Соломон, каде што невестата се опишува како "црна и убава". Подоцна во еврејската традиција, се опишува женска манифестација на Бога, Шекина (слична на Сакина во Куранот) и се однесува на Шабатот како кралица и невеста.
Експлицитната сексуална содржина на Песна над Песните и прилично силната женска улога на кралицата понекогаш се минимизираат, па дури се и демонизира со намалување на нејзините кралски моќни атрибути.Demonizing the Queen of Sheba: Boundaries of Gender and Culture in Postbiblical Judaism and Medieval Islam by Jacob Lassner, Daniel Boyarin, Journal of the History of Sexuality, Vol. 5, No. 2 (Oct., 1994), pp. 300-302 Сепак, немало генерички опис на кралицата како пасивна или немоќна; напротив, таа се користела за да се покаже женскиот суверенитетот и моќ.Needle, Scepter, Sovereignty: The Queen of Sheba in Englishwomen's Amateur Needlework Ann Rosalind Jones Early Modern Culture. (2003). На пример, авторката Кристина Пизанска ја пофали кралицата за секуларната и верската мудрост во Градот на Дамите (1405) и ја спомена покрај христијански и еврејски женски пророци како прва на листата за достоинствени паганки.
Наводи
Категорија:Кралици Категорија:Арапски Полуостров Категорија:Жената во исламот Категорија:Монарси од Стариот завет Категорија:Еврејски монарси Категорија:Соломон Категорија:Личности од книгите Летописи