Хелголандски дијалект или халундски (Halunder) — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на германскиот остров Хелголанд во Северното Море.W. B. Lockwood, A Panorama of Indo-European Languages, London: Hutchison University Library, 1972, p. 107 Денес дијалектот се говори од одвај 150 лица од вкупно 1.650 жители на островот и се предава во училиштата. Хелголандски е блиску поврзан со островските севернофризиски дијалекти фериншки и емраншки поради средновековното рибарство околу Хелголанд кое привлекувало Фризи од островите Фер и Амрум. Всушност, фериншки и емраншки се поблиску во јазична смисла до дијалектот на Хелголанд отколку на соседниот остров Зилт, зелриншки.

Џејмс Крис е најпознатиот писател на поеми и раскази на хелголандски, додека Марија Лајтгебер (1906–1979) ја напишала најзначајната проза.

На 24 декември 2004 година во сила стапил закон во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, со кој се признал севернофризискиот јазик за официјална употреба во округот Северна Фризија и на Хелголанд.

Наводи

Поврзано Севернофризиски јазик

Категорија:Севернофризиски јазик Категорија:Фризиски јазици Категорија:Хелголанд Категорија:Германски дијалекти Категорија:Култура на Шлезвиг-Холштајн