13 Ноември — високоурбанизирана населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. Наречена е според Денот на кој е ослободено Скопје.
Географија На југ граничи со населбата Аеродром, на исток и на север со Јане Сандански, додека на север и северозапад со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница). Во крајниот југозапад еден крак се граничи со населбата Острово.
Демографија Според пописот од 2002, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 63.764Албанци 850Турци 464Роми 459Власи 651Срби 2.125Бошњаци 403Други6.392
Општествени установи Мајчин Дом
Културни знаменитости Црква „Св. Стефан“ - осветена на 22 март 2014. Се наоѓа во дворот на Мајчин Дом;Осветување на нов храм Црква „Св. Троица“ - камен темелник поставена 9 јуни 2014 година под ктиторство на рускиот стопанственик Сергеј Самсоненко ТЦ Три Бисери;
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Појавено во 1980-тите